Потресите во ЕУ, мигрантите и бегалците, најавуваат промени на пазарот на трудот. За некои на полошо, за некои на подобро. Што е со младите во Македонија?
УНИЦЕФ објави студија под наслов „Исчистете го воздухот за децата“ како предупредување на опасноста по развојот на децата од загадениот воздух. Македонија е една од земјите со најзагаден воздух.
Терористичките напади во Лондон, Санкт Петербург, Стокхолм и други градови го зголемија страхувањето на граѓаните во Европа, секако и во Македонија, за нивната безбедност. Или како што велат: „Што да се прави, тоа стана наше секојдневие“.
Човештвото се обидува да поправи дел од своите грешки со Парискиот договор за климатски промени. Најавеното повлекување на САД ќе преставува голем удар. Во Македонија дел од невладиниот сектор успешно работи со повеке општини за справување со климатските промени.
Модерниот свет изобилува со настани кои предизвикуваат стрес. Во Македонија личното е одамна тесно поврзано со она политичкото. Има ли чаре?
Вехабисти, селефисти, се термини кои се користат за муслиманските верници кои го практикуваат исламот на пониаков начин. Карактеристични се по носењето долги бради и покуси панталони, а се поврзуваат со екстремизам, па и со тероризам, честопати неосновано.
Во светот се зголемуваат апелите за построга забрана на пушењето со цел да се намалат последиците по здравјето на човекот. Во Македонија пак, има иницијатива за извесно олеснување на оваа забрана.
Американската политика спрема Македонија и по изборот на Доналд Трамп бележи континитет. Аналитичарите тоа го поврзуваат и со договорот за стратегиско партнерство меѓу Македонија и САД кој му обезбедува на Вашингтон да посредува при безбедносни ризици
Во ова издание на Темата на неделата говориме за младите и нивните можности за вработување во земјите на Европската унија и во Македонија. Разликите се огромни.
Еден од последните потези на ЕУ, укинувањето на роамингот меѓу земјите членки, е потег кој беше со одобрување прифатен од граѓаните на Унијата. Дали тоа наскоро може да го очекуваат и македонските?
Туризам и што прават државите во светот, а што Македонија, за привлекување поголем број туристи. Некои успешно, некои помалку успешно. Светската туристичка организација на Обединетите Нации проценува дека до 2030-тата година, во светот ќе има околу милијарда и 800 милиони туристи годишно.
Што е потребно за да дојде до помирување во македонското општеството по неколку годишните тензии? Како е во западните земји, а како во Македонија?
Вчитај повеќе