Европската Унија планира да ја регулира минималната плата за работниците и социјалната помош за невработените. Минимална плата во Македонија постои, но таа не може да ги задоволи основните потреби на едно семејство.
Кампањата за ширење лаги на социјалните мрежи и медиумите зема огромен замав во светот и во Македонија. Штетите се големи бидејќи јавноста не ретко носи свои оценки врз основа на лажни информации. И за начините на борбата против дезинформации има различни мислења.
„Обединетите нации треба да бидат чесен посредник во споровите и повеќе да работат на превентивната улога“, изјави новиот генерален секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш по преземањето на функцијата. Дали тој ќе донесе нов ветер во разговорите меѓу Македонија и Грција за спорот за името?
Во изминативе денови имаше многу прогнози и анализи за тоа што би можело да се очекува во оваа година. Според некои проценки, ќе доминираат неколку личности во светот, како и во Македонија. Што може да се очекува од нив?
Видео преглед на некои од поважните настани во Македонија и во светот.
Најважните настани што ја одбележаа 2016 во Македонија, без сомнение беа поврзани со тоа кога и како да се организираат фер избори. Тука беа протестите на Шарената револуција, но и катастрофалните поплави во Скопско и запирањето на бранот мигранти.
2016-тата, меѓу другото, донесе жестоки борби во Сирија и во Ирак, бегалска и мигрантска криза, обид за државен удар во Турција, референдум за излез на Велика Британија од Европската Унија, како и неочекувана победа на Доналд Трамп на претседателските избори во Соединетите Држави.
Бранот популизам се повеќе ги зафаќа земјите во Европа. Притоа се посочуваат Брегзитот во Британија, неуспешниот референдум во Италија и подемот на крајнодесничарските партии во Франција, Холандија, Полска, Унгарија. Како тоа ќе се одрази врз ЕУ и нејзината заедничка валута, но и врз Македонија?
Европската Унија, поради новите безбедносни закани од тероризмот и од Русија, деновиве излезе со неколку предлози, главно за зголемување на трошоците за војската во земјите членки. Во Македонија пак, Армијата се соочува со постојано кратење на буџетот.
Европратенците побараа од Европската комисија, но и од владите на членките на ЕУ да почнат да се справуваат со руската пропаганда. Според нив, таа има за цел да внесе страв и поделби во Европа. Македонија не е имуна од тоа.
Наскоро сите патници без оглед дали се ослободени од визниот систем или не, ќе мора дополнително да се пријават и да платат за тоа ако сакаат да влезат во ЕУ. Македонските граѓани ја оправдуваат ваквата мерка.
Победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД отвори многу прашања. Едно од нив е и какви ќе бидат односите меѓу Вашингтон и Москва и дали тоа ќе има влијание врз Балканот и Македонија?
Вчитај повеќе