Дали НАТО во последно време почна да ја исклучува можноста од проширување во наредните неколку години? Како и да е, тоа не се однесува и на Македонија, велат експертите, додавајќи дека од неа самата зависи како ќе ги реши пречките: спорот со името и политичката криза.
Голем дел од земјите бараат начини за привлекување на парите од нивните иселеници за инвестиции. Некои тоа го прават со издавање обврзници за дијапората. Во Македонија пак, парите од сонародниците главно се користат за тековна потрошувачка, а не за инвестиции.
Франција, домаќин на европското првенство во фудбал, во наредните 30 дена, е под ригорозни мерки за безбедност. Домаќините превземаат се што е во нивна моќ за да им ја гарантираат безбедноста на посетителите. Македонија без посебна превенција.
Западните општества во последно време се соочуваат со големи поделби. Поларизираноста врз разни основи ја зголемува конфузијата и во барањето одговори за да се избегнат последиците. Македонија можеби е најдобриот пример за тоа.
Сиромаштијата се зголемува во светот и, според анализите, претставува закана за глобалната безбедност. Македонија не е исклучок, а сиромаштијата во земјата е алармантна, предупредуваат експертите.
Корупцијата се повеќе се шири во светот. Нејзини најголеми жртви се сиромашните земји и може да предизвика нестабилност што е директна закана за безбедноста во светот. Затоа, според експертите, анти корупциските напори веќе не треба да им бидат оставени на слабо платени специјалисти.
Порастот на популизмот во западниот свет ја потенцира се поприсутната појава кај политичарите да користат се што можат за да дојдат или да се задржат на власт. Искуството на Македонија во врска со тоа, според експертите, е богато.
Стравот од критиките за нивната работа владите во многу земји во светот ги тераат да прават се што можат за да ја попречат работата на граѓанските групи и невладините организации. Тоа искуство го делат и активистите во Македонија.
Во ова издание на ТВ темата за актуелните текови и проблеми во светот, особено Европа и пристапот на меѓународните фактори кон нив, Европската унија и Соединетите држави. Каква е позицијата на Македонија спрема нив?
Во светот е во пораст трендот на зголемување на бенефициите за постарите лица. Ваквиот тренд е неминовен и во Македонија. Некои експерти единственото објаснување за ова го гледаат во политиката.
„Панамските документи“ најсилно досега го свртеа вниманието на јавноста за финансиските злоупотреби на моќните и богатите во светот. Дали на мапата на таа фирма има и државјани на Македонија?
Нападите во Брисел уште еднаш ја потенцираа потребата од поголема соработка меѓу полициските и разузнавачките служби не само на членките на Унијата. Тука е вклучена и Македонија со оглед на тоа што се наоѓа на балканската мигрантска рута, но и поради нејзината вклученост во операциите на НАТО.
Вчитај повеќе