2016-тата, меѓу другото, донесе жестоки борби во Сирија и во Ирак, бегалска и мигрантска криза, обид за државен удар во Турција, референдум за излез на Велика Британија од Европската Унија, како и неочекувана победа на Доналд Трамп на претседателските избори во Соединетите Држави.
Бранот популизам се повеќе ги зафаќа земјите во Европа. Притоа се посочуваат Брегзитот во Британија, неуспешниот референдум во Италија и подемот на крајнодесничарските партии во Франција, Холандија, Полска, Унгарија. Како тоа ќе се одрази врз ЕУ и нејзината заедничка валута, но и врз Македонија?
Европската Унија, поради новите безбедносни закани од тероризмот и од Русија, деновиве излезе со неколку предлози, главно за зголемување на трошоците за војската во земјите членки. Во Македонија пак, Армијата се соочува со постојано кратење на буџетот.
Европратенците побараа од Европската комисија, но и од владите на членките на ЕУ да почнат да се справуваат со руската пропаганда. Според нив, таа има за цел да внесе страв и поделби во Европа. Македонија не е имуна од тоа.
Наскоро сите патници без оглед дали се ослободени од визниот систем или не, ќе мора дополнително да се пријават и да платат за тоа ако сакаат да влезат во ЕУ. Македонските граѓани ја оправдуваат ваквата мерка.
Победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД отвори многу прашања. Едно од нив е и какви ќе бидат односите меѓу Вашингтон и Москва и дали тоа ќе има влијание врз Балканот и Македонија?
Хакерските напади уште еднаш го покренаа прашањето за тоа со каква опасност се соочуваат луѓето на интеренет. Страхувањето за сајбер безбедноста особено се поврзува со се поголемата поделеност меѓу Запад и Исток.
Изборите во Црна Гора го потенцираа прашањето за влијанието на Русија и на Западот на Балканот. На парламентарните избори во таа земја доминираа НАТО и Москва. Дали и изборите во Македонија се соочуваат со прашањето или Запад или Русија?
Деновиве големо внимание предизвикуваат телевизиските дебати на американските претседателски кандидати. За некои тие се клучни во определбата на гласачите. Други не се согласуваат со тоа. Во Македонија пак гласачите одамна немаат видено предизборен ТВ дуел.
ТВ Тема на Радио Слободна Европа, 07.10.2016
На Балканот, корупцијата, криминалот, лошите и сиромаштијата, властите најлесно ја покриваат со разгорување на националистичките и меѓу-етничките страсти,
ТВ Тема на РСЕ - 30.09.2016
Вчитај повеќе