Мартина Трајковска свири на кавал, тамбура и дајре. Во сите фолклорни ансамбли и културно уметнички друштва во кои членуваа таа е единствената жена. Се надева дека оваа слика ќе се промени и дека таа ќе биде инспирација за музичарките. Ја реобјавуваме нејзината видео приказна.
Единствената девојка во боречкиот клуб „Лирија“, Садије Дура, на натпревари се бори со женски, а тренира со машки. Се надева дека во иднина повеќе девојки ќе тренираат борење, а во видеото кое го реобјавуваме порачува дека спортовите не се делат на женски и машки.
Алдин Шерифи е средношколец со оштетен вид. Секојдневно има многу предизвици, но ова не го обесхрабрува да биде позитивен. Ја сака музиката, а професионална определба е физиотерапијата. Ја реобјавуваме неговата приказна во која на младите им порачува да го сакаат животот, бидејќи е еден.
Mладиот Скопјанец, Филип Маневски, избрал занает како негова професионална определба, иако помеѓу неговите пријатели биле актуелни поинакви професии. Ја реобјавуваме приказната на овој столар кој е среќен бидејќи го работи она што го сака и порачува дека никој не треба да се срами од својата работа.
Сара и Андреј Стојановски се брат и сестра кои нижат успеси во спортот пинг-понг. Тренираат со својот татко, искусниот пингпонгар Сашо Стојановски, а настапуваат поединечно и како двојка. Собираат бројни медали во двете варијанти и среќни се што се супер тим.
Мила Србиноска на само 3 години стана државен првак во хип хоп. На 6 години - европска шампионка и трета во свет. Сега има 13 години и медали за над 70 први места добиени на меѓународни натпревари по хип хоп.
Деветнаесетгодишната Доротеа веќе 4 години е една од волонтерите во невладина младинска организација „Волонтерски центар Скопје“. Учествува во национални и меѓународни проекти и обучена е да биде тренер на врсници.
Ретко која девојка во Северна Македонија свири на народни инструменти. А Мартина свири дури на три – кавал, тамбура и дајре. Се надева дека поттикнати од нејзиниот пример што повеќе девојки ќе изберат да свират некој народен инструмент и дека ќе ѝ станат колешки.
Со електрична гитара во рака и песни на кои е кант-авторка, гостиварчанката Михаела Антеска сака да стигне до светската музичка сцена. Сама најдобро можам да искажам што чувствувам, вели рокерката која сака да се држи надвор од „калапот“ и да остане бунтовна, каква што е и музиката која ја сака.
Тетовецот Алдин Шерифи има оштетен вид и желба да стане физиотерапевт, кој ужива во музицирање како хоби. И покрај сите секојдневни предизвици со кои се соочува, вели - го сакам мојот живот!
Деветнаесетгодишниот Кристијан Пешевски веќе една година на скопските улици го продава списанието „Лице в лице“. Ова искуство, вели, му го сменило животот на многу подобро. Има нови познанства, финансии за остварување на желбите, но и чувство дека оди во добар правец.
И Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет ја прогласија таеквондистката Милијана Релиќ за најдобра млада спортистка за 2023. Таа верува дека водена од тренерот Александар Ефтимов може да го оствари својот најголем сон - да добие олимписки медал.
Вчитај повеќе