Средношколката Миа Тодорова на интернет е позната како популарна „тиктокерка“, а во спортските кругови како девојката која собира медали во кикбокс. Кога влегува во рингот, ги тргнува предрасудите настрана и ужива во секоја доза адреналин која ја добива спортувајќи.
Атлетот на Специјална олимпијада, Марио Мицковски е среќен кога плива, ама и кога танцува. Талентот, упорноста и дисциплината му носат медали од светски натпреварувања, а неговиот ведар дух-многу пријатели кои имаат што да научат од него.
Младата Теодора Димоска, која игра на позиција- напаѓач во македонската женска фудбалска репрезентација, уште од дете, сака да докаже дека фудбалот како спорт не е резервиран само за мажите.
Македонскиот пливач Андреј Стојаноски може да се пофали со полни полици медали од домашни и странски натпревари. Но и со тоа дека успеал во хендикепот да види предизвик, па тоа што е глувонем не му претставува никаква пречка во постигнување на резултати и успеси.
Вели дека нејзина конечна дестинација се светските вселенски агенции. За да стигне до таму, почнала од својата прва професионална обука во школа за летање. Верува во својот детски сон и ги охрабрува младите да не се откажуваат од она што го замислиле.
Редовно е вклучена во разни активности во „Црвен Крст“, а она што ја движи напред и ја инспирира е ефектот на среќа кој го предизвикува секоја успешна акција.
Младите волонтери на „Сано“, кои ја имаат победено леукемијата, се враќаат во Детската клиника за да им помогнат на родителите и децата кои боледуваат од оваа болест.
Кирил Марковски, 23 годишен велосипедист, реди успеси постојано. Последниот успех е државен шампион во цикло крос категоријата. Но, вели дека не добива никакви привилегии од институциите. Што има да порача тој?
Ги охрабрува младите да не се откажуваат кога ќе наидат на ѕид и да се борат наместо да чекаат друг да го стори тоа наместо нив.
Каратистката Магдалена Божиноска ја освои минатогодишната награда Најуспешна млада спортистка. Меѓу заслугата за да ја добие оваа награда е тоа што е веќе осумгодишен првак во карате. Што има да порача таа?
Антонио Дамјановски, 14 годишен битолчанец, е две години по ред шампион во мотокрос класата МХ85. Тој открива дека за да си успешен треба да немаш страв, да си сконцентиран, да водиш здрав живот и да се возат што повеќе трки. Што има да порача тој?
Младиот поетски сламер Горазд „Кени“ Китановски промовирајќи ја својата нова рачно напишана книга „Бетер Times“, како и за да ја разбие „монотонијата во автобус“ одлучи да рецитира во автобуската линија 41 во Скопје.
Вчитај повеќе