Започнал пред 10 години со тренирање, и годинава Бесир Алили стана европски шампион во борење - слободен стил за кадети до 48 килограми. Желбата за спорт дошла од татко му, но борењето била негова идеја. Што има да порача Бесир?
Таа е среќна што ја претстави Македонија во одлично светло. Што има да порача Атанасовска?
За заштита на животната средина, Котевска смета дека треба „да тргнеме од ливчето од мастиката“ и да станеме подобри во општеството.
Четиричлениот тим „Жмурка“ ја создаде победничката игра на јулскиот хакатон „Креирај игри за најмладите“, наречена „Друштвото Приборовски“. Според нив, потребно е воведување на едукативни игри во формалното образование. Што друго имаат да порачаат?
Сега е студентка, а уште од средношколска возраст објавува видеа на Јутјуб, каде со стенд ап комедија го изразува својот став. Таа е позната како Изабела Пан, и е меѓу ретките истакнати стенд ап комичарки. Што има да порача таа?
Везењето е една од вештините кои се прилагодуваат на современиот живот и ги тестираат способностите за да се создаде нешто. Младата Кристина Велевска, која се занимава со модерно везење, смета дека недостасува соодветно вреднување на традиционалните занаети. Што друго има да порача таа?
Со само 24 години, Стефан Митров е основач на Академија за 3Д и гејм дизајн, претседател на АИНОВУМ, НВО за развој на технологија, најмладиот треининг инструктор во светот за 3Д, најдобриот фриленс артист за 3Д и за 4 години има извозено 23 илјади километри со велосипед. Што има да порача тој?
Да се има трпение, едноставно да се работи и се ќе си дојде на свое место, вели младиот музички продуцент Драги Иванов. Тој се врати од Америка, со диплома од Беркли и работно искуство во Лос Анџелес. Една од причините зошто се вратил е волјата да создава во Македонија. Што има да порача Драги?
Има само 13 години, а веќе има кариера во пеење, глума, манекенство, моделство, и како поетеса. Што има да порача младата Марија Јанчевска?
По две години во успешен македонски стартап, Александра Јанакиевска основаше свој стартап - платформата Лаика. Смета дека условите во државава за стартап се поволни, но реализацијата е слаба. Што има да порача младата Јанакиевска?
Здружението за дислексија, наречено „Ајнштајн“ е наградена од УСАИД во рамки на проектот за младинско учество, а нивната мисија е да се едуцира наставниот кадар и граѓаните за оваа проблематика. Што има да порача претседателот на „Ајнштајн“, Дамјан Николовски?
Тим од петтмина млади ентузијасти, наречен АндроМета, освоија награда од УНИЦЕФ за својата апликација Speak Out. Целта им е да се зближат младите, да си помагаат и да сфатат дека не се сами, вели Александра Поповска, член на тимот АндроМета. Што имаат да порачаат тие?
Вчитај повеќе