Генијалните Space Walkers освојуваат натпревари во роботика и информатика.. Во јуни заминуваат на светско првенство, наречено „Прва Лего Лига“, каде конкуренција им се тимови на Гугл, НАСА и други големи компании и развиени држави. Што имаат да порачаат тие?
Помина скоро една години откако започнаа акциите на движењето „Не биди ѓубре“. Активистите не планираат да ги остават метлите се додека граѓаните не го фрлаат ѓубрето во канта за отпадоци. Која е нивната порака?
Планината му е единствено хоби и ги има искачено повеќето македонски планини. По освојување на највисокиот врв на Балканот, Мусала, младиот Даниел Јанков се подготвува и за освојување на Мон Блан на Алпите. Што има да порача тој?
Има само 13 години, а веќе има кариера во пеење, глума, манекенство, моделство, и како поетеса. Што има да порача младата Марија Јанчевска?
Со втората џиновска сликовница, Бистра Георгиева отвора нови светови на полиците во детските библиотеки. Таа смета дека секој што има нешто што тлее во него, треба да најде начин да го сподели. Што друго има да порача Георгиева?
Младата гевгеличанка доби лиценца за машиновозач и започна ново поглавје во историјата на македонските железници. Зорица Петрова, се размислувала дали да стане пилот или машиновозач, но бидејќи немало женски машиновозач одлучила да се обучи токму за тоа. Што има да порача Зорица?
По две години во успешен македонски стартап, Александра Јанакиевска основаше свој стартап - платформата Лаика. Смета дека условите во државава за стартап се поволни, но реализацијата е слаба. Што има да порача младата Јанакиевска?
Да се има трпение, едноставно да се работи и се ќе си дојде на свое место, вели младиот музички продуцент Драги Иванов. Тој се врати од Америка, со диплома од Беркли и работно искуство во Лос Анџелес. Една од причините зошто се вратил е волјата да создава во Македонија. Што има да порача Драги?
Пред 8 години почнал да лета, а денеска е сериозен натпреварувач во две дисциплини во параглајдерство. Младиот Адам Спиркоски од Прилеп вели дека параглајдерството е за секој што е одговорен авантурист и ги сака планините. Што има да порача тој?
Пожарникарството му одговора на мојот карактер, оти е хумана професија, вели Менка Стојаноска, дел од новопримените пожарникари во скопската противпожарна бригада. Нејзината обука се уште трае, но колегите веќе ја прифатија. Што има да порача таа?
Александар Велески иако има церебрална парализа, работи на компјутер од дома, но заедно со родителите, прават обиди да се вработи. Меѓутоа, попреченост има во системот, велат тие. Неговиот татко, Зоран апелира сите млади да бидат упорни за да го сменат системот.
По неколкугодишна работа на брод, се врати во Македонија и стана првиот Лед Робот. Познат и како Роби Реј, тој ги збогатува забавите во дискотеките низ државата. Што има да порача Роби Реј?
Вчитај повеќе