Пожарникарството му одговора на мојот карактер, оти е хумана професија, вели Менка Стојаноска, дел од новопримените пожарникари во скопската противпожарна бригада. Нејзината обука се уште трае, но колегите веќе ја прифатија. Што има да порача таа?
Александар Велески иако има церебрална парализа, работи на компјутер од дома, но заедно со родителите, прават обиди да се вработи. Меѓутоа, попреченост има во системот, велат тие. Неговиот татко, Зоран апелира сите млади да бидат упорни за да го сменат системот.
По неколкугодишна работа на брод, се врати во Македонија и стана првиот Лед Робот. Познат и како Роби Реј, тој ги збогатува забавите во дискотеките низ државата. Што има да порача Роби Реј?
Сега е студентка, а уште од средношколска возраст објавува видеа на Јутјуб, каде со стенд ап комедија го изразува својот став. Таа е позната како Изабела Пан, и е меѓу ретките истакнати стенд ап комичарки. Што има да порача таа?
17 годишната Анамарија Георгиевска од скопски Бутел лани се закити со бронзен медал на јуниорското светско првенство во Тунис. Но, од оваа година таа е сениор и нејзината цел е остварување олимписка норма. Што има да порача младата спортистка?
Креаторот на големите птици од отпадно железо, Андреј Миневски ги создава со месеци. Миневски вели дека многумина млади уметници се откажуваат од она што го сакаат затоа што немаат каде да работат. Што има да порача вајарот кој рециклира железо?
Хокејот во Македонија ги интересира младите, но немаме соодветни услови за овој спорт, ни кажа единствената хокеарка Моника Пижевска. Таа лани доби сертификат во Финска за тренер по хокеј и очекува надлежните да посветат внимание на овој спорт. Што друго има да порача таа?
Љубовта кон камерата почна од скечеви, но премина во професија, вели Марко Џамбазоски. Неговиот филм „Црни и криви“ месецов освои две награди на фестивал во Романија. Во исто време, реди успеси и со неговиот бенд „Визија“. Што порачува Џамбазоски, кој своите детски соништа ги претвора во професија?
Единствената пилотка во Министерството за внатрешни работи, Весна Петреска со својот успех докажа дека рамноправноста се постигнува со силна желба и храброст. Таа смета општеството нуди еднакви можности. Младите треба само да бидат упорни. Што друго вели Петреска?
Младата велешанка, Андријана Станковска со сенки и моливи се претвора во различни ликови. Од талентот за визуелни трансформации или филмска шминка не може да се живее. Но, се надева ќе се отворат школи или курсеви барем за филмска шминка. Што друго има да порача Станковска?
Задоволство е да се работи со лицата со попреченост, вели младиот тренер по пливање Радован Велјановски. Тој заедно со здружението „Трисомија 21“ на 30-ти декември во Скопје го организираат првиот Меѓународен натпревар во пливање за лица со посебни потребни. Што има да порача Радован?
Матеј, Војдан и Никола ги искористија своето знаење и создадоа едукативна игра „Спејсополи“. Taa е слична на познатата „Монопол“, но со нивната игра се учи за планетите. Сметаат дека треба помалку да се игра на телефон, повеќе да има дружба. Која е нивната порака?
Вчитај повеќе