Струмичанецот Блаже Аризанов е дел од милионска бизнис идеја во Индија, втора најнаселена земја во светот. Според него, ерата на технологија нуди можности за големи заработки и самореализација надвор од границите на татковината што младите треба да ги искористат. Што друго има да порача Аризанов?
Создавање платформи за лесно достапни информации е дел од модерниот активизам. Меѓу овие активисти е и 25-годишниот Горјан Јовановски, креатор на веб-страната „Да разјасниме“ и апликацијата „Мој Воздух“, кој смета дека е важно граѓаните да се информираат од непристрасни извори. Што порачува тој?
Никола Исаиловски се врати од Германија и започна македонска кулинарска емисија на Јутјуб, за да ги мотивира младите да готват со љубов. Исаиловски вели дека на мајчиниот јазик најискрено може да се изрази и најубаво да бидеш разбран. Што има да порача готвачот во „Fat Kitchen“?
Куглањето во Македонија како да е подзаборавено и затоа јуниорскиот првак Јовица Блажевски смета дека треба да се зајакне лигата и федерацијата. Овој спорт порачува Блажевски заслужува поголемо внимание будејќи има нови млади куглари. Што друго има да порача Блажевски?
Скопските велосипедисти здружени во „НаТочак“ од 2012 година активно бараат поголема заложба за „вело сообраќај“ и внимателност од учесниците во сообраќајот. Снежана Домазетовска вели дека состојбата е подобрена, но далеку сме од целта. Што порачуваат велосипедистите?
Радио емисијата „Јас сум Цако“ наскоро ќе наполни 5 години. Александар Матовски ја започна емисијата за да се измени перцепцијата за лицата со попреченост и да бидат прифатени во општеството. Што има да порача Цако?
Различни артисти исцртаа графити на ГТЦ. Меѓутоа, оваа супкултура се уште не е уметност која се третира сериозно, особено од институциите. Според артистите Хром и Боц, графитите се глас на една генерација. Што друго имаат да порачаат тие?
Младите Јутубери, Steffonator и Wincoot, заедно со неколку други млади, го отвораат патот објавувањето видеа да биде професија во иднина. Тие сметаат дека чекор понапред е воведување Пејпал во Македонија. Што друго имаат да кажат тие за ова амбициозно хоби?
Добар диџеј прави музичко патување. Диџеите од екипата Oubli, заедно со Дарко Андонов, познат како DJ Irie Scratch, велат дека диџејската сцена во Македонија се развива. Што сметаат тие дека треба да се подобри?
Едномесечниот настан „OrceTalks" го развива критичкото размислување кај младите. Настанот го организираат учениците кои, како што велат, се организираат без помош од училиштата.
Се повеќе млади тренираат спуст на велосипед. За овој екстремен спорт постои соодветна заштитна опрема, но опасност има и на патеките на Водно, кои ги користат и пешаци. Бојан Наунчевски, кој околу 10 години вози спуст, бара од властите да одредат патеки за овој спорт.
Младинскиот активизам и волонтерство е од непроценлива важност за нивниот развој и за општеството. Анита Николовска и Никола Ивановски од НВО „Младите можат“ велат дека кај младите има волја за волонтерство, но се уште има потреба од развој на системската состојба. Што имаат да порачаат тие?
Вчитај повеќе