Сите министерства за проекти за заштита на животната средина имаат вкупно 22 милиони евра, вели заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули. Но, тој истакнува дека за задоволување на стандардите на ЕУ за спречување на штетните емисии во воздухот, потребни се стотици милиони евра.
Пијанистката Дуња Иванова и припаѓа на генерацијата исклучително образовани и плодни македонски творци. Таа вели дека на идните генерации треба да да им овозможиме едно цврсто тло, општество во кое ќе сакаат да останат, да вложуваат, да пораснат.
Сиљановска - Давкова за бегството на Груевски од Македонија, вели дека на тоа гледа „како на нешто што укажува на неспособноста на правниот и на безбедносниот систем на Македонија или пак можеби на тоа што има способности на Индијана Џонс, или пак заради тоа што некој тоа пропушти да го спречи.
Со зачленување во НАТО, ние сме земја членка и сега треба да се концентрираме на другиот стратешки дел од мојата кампања, а тоа е започнување на преговорите за членство во ЕУ. Tука ќе имаме повеќе проблеми, вели претседателскиот кандидат Блерим Река.
Не сум чул за клаузула која ќе го напише на камен и ќе рече ова е библија и нема да се менува 3000 години, процедурата за промена на Уставот е таа.
Ако нема излезност во вториот круг од 40 проценти, не е исполнет условот за успешни избори. Во тој случај веднаш се распишуваат нови избори, вели претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.
Право на глас има секој полнолетен државјанин, а не само они што живеат во Македонија. Затоа во избирачкиот список има запишано толку многу гласачи, вели претседателот на ДИК, Оливер Деркоски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Испративме барање до јавните институции да ни достават список на службените возила, да изготвиме база на податоци којашто ќе може да ја користат и невладините организации што го следат изборниот процес, вели шефицата на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска.
Јас сум оптимист дека реализацијата на капиталните инвестиции ќе биде на посакуваното ниво годинава. Главните патни проекти, иако не се дел од буџетот туку се во ЈПДП, и тие многу подобро се реализираат од минатата година, вели министерот за финансии Драган Тевдовски.
Целта на Преспанскиот договор, како што ја разбираме, е членство на Македонија во НАТО и ЕУ, но тоа не значи дека содржината на договорот е прифатлива од аспект на македонските национални интереси, вели пратеникот Илија Димовски.
Вистински тест се реформите со кои треба да се раскинат врските и релациите на власта - бизнис центрите на моќ со медиумите на начин што медиумите може да бидат корумпирани, вели претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
„Да ги искористиме овие години да бидат златни години, бидејќи искуството на другите земји коишто влегле во НАТО и зачекориле кон ЕУ, покажуваат дека тие години се годините на вистински промени, на економски развој.
Вчитај повеќе