Олег Кирашчук, украински уметник, живее од продавање велигденски јајца. Но, овие ги купуваат главно колекционери.
Фејсбук објави дека личните податоци на 87 милиони корисници можеби биле несоодветно споделени со политичката консултатнска куќа Кембриџ Аналитика. Претходните пресметки беа над 50 милиони.
Со демонстрација на боречки вештини на армиските „Волци“ и со изведба на точката „Егзецир“ на воената гарда, АРМ денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје организираше Отворен ден со граѓаните.
30-тина здрженија со над 5000 членови, функционираат во Македонија како подржувачи на руски-македонските врски.
Власта на мускули го усвои Законот за јазици. Опозицијата на мускули сакаше да го спречи.
Часовниците на електричните апарати низ Европа, доцнат и до 6 минути. Причина е недоволната фрекфенција на струјата која се пушта низ Косово и Србија и која се одразува врз целата мрежа на електричка енергија во Европа.
Автопатот „Александар Македонски“ веќе се вика „Пријателство“, но вистинското пријателство меѓу Македонија и Грција ќе има по евентуалниот компромис за спорот за името.
Во 2015-та, екстремистичка група во Авганистан, почнала да регрутира деца за да ги обучи за борба и за самоубиствени бомбашки напади. Двајца браќа биле на обука две години, но успеале да избегаат со помош на нивниот татко.
Шверцери од Украина, со помош на дронови, го снабдуваат црниот пазар во Словачка со цигари. Дел од тие цигари патуваат натаму и во други земји членки на ЕУ.
По апсењето на иранката, која во Техеран, во декември, ја симна шамијата во знак на протест, низ земјата се шири револтот против задолжителното носење шамии за жените.
Харун Пашалиќ предава вероанука во Фоча, Босна и е омилен кај учениците, главно поради неговите современи сфаќања за Исламот, но и за животот воопшто.
Руското Министерство за култура го забрани филмот „Смртта на Сталин“, оценувајќи го како навредлив. Британскиот режисер вели дека филмот е комичен, но и вистинит, изразувајќи надеж дека сепак ќе се прикажува и во руските кина.
Вчитај повеќе