Автопатот „Александар Македонски“ веќе се вика „Пријателство“, но вистинското пријателство меѓу Македонија и Грција ќе има по евентуалниот компромис за спорот за името.
Во 2015-та, екстремистичка група во Авганистан, почнала да регрутира деца за да ги обучи за борба и за самоубиствени бомбашки напади. Двајца браќа биле на обука две години, но успеале да избегаат со помош на нивниот татко.
Шверцери од Украина, со помош на дронови, го снабдуваат црниот пазар во Словачка со цигари. Дел од тие цигари патуваат натаму и во други земји членки на ЕУ.
По апсењето на иранката, која во Техеран, во декември, ја симна шамијата во знак на протест, низ земјата се шири револтот против задолжителното носење шамии за жените.
Харун Пашалиќ предава вероанука во Фоча, Босна и е омилен кај учениците, главно поради неговите современи сфаќања за Исламот, но и за животот воопшто.
Руското Министерство за култура го забрани филмот „Смртта на Сталин“, оценувајќи го како навредлив. Британскиот режисер вели дека филмот е комичен, но и вистинит, изразувајќи надеж дека сепак ќе се прикажува и во руските кина.
Стотици луѓе во Ростов останаа без своите домови по серијата пожари, за кои многумина сметаат дека биле подметнати. Целта била, на нивно место да бидат изградени нови згради.
Иранскиот врховен верски лидер Али Хаменеи, во 1989-та година, не сакал да биде на таа позиција, бидејќи сметал дека не е квалификуван. Тоа се гледа од видеото кое се појави на социјалните мрежи, постирано од иранскиот новинар, во егзил, Шаед Алави.
Во северо-западен Пакистан, алкохолот е строго забранет, но има толеранција за употреба на хашишот и на други производи од канабис. Во Пешавар има места на кои се собираат муслимани и пушат хашиш без страв од некакви реперкусии.
Рускиот претседател Владимир Путин ѝ ја врати моќта на црквата и направи неофицијален сојуз со неа за да го оствари т.н. византиски сон за ширење на руското влијание наспроти НАТО и ЕУ, сегде до кај што досега православието, коментираат експерти.
Аердромот во главниот град на Казахстан, Астана, годинава го доби името на долгогодишниот претседател Нурсултан Назарбаев. Неговото име го има насекаде во Казахстан.
„Зенит арена“ во Санкт Петербург, е еден од најскапите стадиони во светот. Се проценува дека изградбата чинеше над 1,5 милијарди долари, а траеше 10 години.
Вчитај повеќе