Со автоматизацијата на процесот на одржување, за функционирање на биоразградувањето, кантата ќе биде едноставна за одржување, со што ќе биде прифатена и применета во домаќинствата и индустријата, а со мобилна апликација ќе може да се управува со уредот и кога не сме до него.
Адем Амети има 24 години, професор е по мехатроника, ама кога ќе го побарате во Тетово, ви велат: Ааааа, Адем иноваторот.