Достапни линкови

Вести

Почна судењето за двојното убиство на Вања и Панче, обвинетите негираат вина

Обвинетите за двојното убиство на Вања и Панче во судница, Кривичен суд Скопје, 20 септември 2024
Обвинетите за двојното убиство на Вања и Панче во судница, Кривичен суд Скопје, 20 септември 2024

Обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска (20 септември) седнаа на обвинителна клупа во судница и сите негираа вина за делата за кои се товарат.

На почетокот од судењето, обвинителката во овој предмет Жаклина Крстевска-Јосифовска посочи дека мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска побарала исклучување на јавноста и судење зад затворени врати. Според неа, мајката на Вања сакала да го заштити нејзиниот приватен живот, но и животот на втората ќерка, а притоа, и здравјето оти медиумските известувања за овој случај и влијаеле.

Сепак Судот, не го прифати ова барање и судењето продолжи.

Основното јавно обвинителство Скопје во мај годинава поднесе обвинение против четири лица за грабнување и сурово убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Првоосомничен во случајот е Љупчо Палевски-Палчо кој на 15 мај со авион беше екстрадиран од Турција во Северна Македонија. Тој беше директно беше однесен во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари бидејќи имаше определен 30-дневен притвор. Подоцна беше изнесен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд кој му определи уште 30 дена притвор.

Судечкиот совет при Основниот кривичен суд Скопје месецов донесе одлука за спојување на постапките на обвинетите, откако Основното јавно обвинителство најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски -Палчо.

На 22 ноември 2023 година, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Постигнат договор за испуштање на радиоактивна вода од Фукушима

илустрација
илустрација

Кина и Јапонија постигнаа консензус за испуштање на радиоактивна вода од нуклеарната централа Фукушима, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.

„Двете страни се согласија дека Јапонија треба да воспостави долгорочен меѓународен аранжман за мониторинг и да им овозможи на заинтересираните страни да спроведат независно тестирање и мониторинг“, се вели во соопштението на Министерството.

Се нагласува дека Кина за време на разговорите нагласила дека прво треба да се изврши независно тестирање пред „постепено“ да продолжи каков било увоз на јапонски производи од морска храна.

Пред десетина дена, јапонската компанија за дистрибуција на електрична енергија (ТЕПКО) го рестартираше пробното отстранување на остатоците од нуклеарно гориво од нуклеарната централа Фукушима.

Подготвителната работа, прва од ваков вид откако моќното цунами ја уништи централата во 2011 година, беше прекината на 22 август поради грешка во инсталацијата на опремата за екстракција, а на 6 септември ТЕПКО ги заврши проверките пред повторното стартување.

Работата за отстранување на отпадот, кој се состои од нуклеарно гориво и делови од инфраструктурата на централата, а се проценува на околу 880 тони, првично требаше да почне во 2021 година, но беше одложена поради пандемијата на коронавирус.

Во август минатата година, ТЕПКО почна да испушта прочистена радиоактивна вода од нуклеарната централа Фукушима, по што Кина воведе забрана за увоз на јапонски морски плодови.

Мировниците на ОН во Либан повикуваат на итна деескалација

Мировните сили на ОН на границата меѓу Либан и Израел, август 2023 година
Мировните сили на ОН на границата меѓу Либан и Израел, август 2023 година

Мировните сили на Обединетите нации (ОН) во јужен Либан повикаа на деескалација на непријателствата на либанско-израелската граница, каде што Израел и Хезболах, поддржан од Иран разменуваат оган речиси една година.

Силите на ОН беа сведоци на „големо интензивирање на непријателствата преку Сината линија“ и низ нивната област на операции, рече портпаролот Андреа Тененти.

„Загрижени сме поради зголемената ескалација преку Сината линија и ги повикуваме сите актери веднаш да ја деескалираат ситуацијата“, рече тој.

Сината линија се однесува на границата меѓу Либан и Израел.

Израел таргетира неколку цели во Либан.

Доцна на 19 септември, израелските воени авиони ги изведоа најинтензивните напади врз јужен Либан во судирите откако во нападите оваа недела беа разнесени илјадници пејџери и воки-токи што ги користи Хезболах, при што загинаа најмалку 37 луѓе, а илјадници беа ранети.

Зеленски: Околу 40 000 руски војници се пренасочени од Украина кон Курск

Володомир Зеленски
Володомир Зеленски

Околу 40 000 руски војници се пренасочени од украинскиот фронт во правец на Курск, изјави синоќа претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

„Веќе успеавме да пренасочиме околу 40.000 руски воен персонал во таа насока. Им благодарам на сите наши борбени бригади, на секој војник, наредник, на секој командант за нивната храброст“, рече тој.

Според него, украинските сили го намалиле потенцијалот на руските војници да извршат напади во регионот на Доњецк, но тој посочи дека ситуацијата се уште е тешка во близина на градовите Покровск и Курахов.

Во последниве недели, Русија тврдеше дека вратила неколку села заземени од украинските сили за време на ненадејниот упад на руска територија што започна на почетокот на август. Се верува дека Украина контролирала околу 1300 квадратни километри во областа Курск што се граничи со североисточна Украина.

Локалните руски цивили во регионот Курск во неизвесност по упадот на украинците
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:15 0:00

Володимир Зеленски претходно изјави дека Киев нема намера да ја задржи руската територија, но дека упадот и дава на Украина повеќе простор во можните мировни преговори и дека заробените руски војници ќе се користат за размена на затвореници.

Од почетокот на упадот на 6 август, се случија три вакви размени на руски и украински војници.

Во доцните ноќни обраќања во четвртокот (19 септември), Зеленски рече дека украинските сили ја намалиле способноста на руските трупи да вршат напади во регионот Доњецк на источниот фронт.

Зеленски рече дека руските сили го нападнаа регионот Суми во четвртокот, погодувајќи старечки дом.

Во нападот едно лице загина, а 12 се ранети, објави Државната служба за вонредни состојби на Телеграм. Во нападот делумно е уништен петтиот кат од зградата, а искршени се прозорците од приземјето. Повеќе од 140 луѓе мораа да бидат евакуирани, според службите за итни случаи.

Меѓународна награда за слобода на печатот за новинарката на РСЕ, Курмашева

Алсу Курмашева, новинарка на РСЕ
Алсу Курмашева, новинарка на РСЕ

Алсу Курмашева, новинарка на РСЕ, која беше ослободена во август во големата размена на затвореници меѓу Русија и Западот, е меѓу четворицата новинари што ќе бидат почестени со престижната меѓународна награда за слобода на печатот за 2024 година, објави Комитетот за заштита на новинарите (КЗН).

„Меѓународните награди за слобода на печатот на CPJ ја симболизираат виталната работа што ја вршат новинарите насекаде известувајќи за фактите соочени со жестоките обиди да се потисне вистината“, рече извршната директорка на Комитетот за заштита на новинарите, Џоди Гинсберг во изјавата на 19 септември.

„Во она што беше катастрофална година за новинарите и за слободата на печатот, чест е да се застане со нив“, рече Гинсберг.

Курмашева (47) ќе ја добие наградата во ноември заедно со другите тројца наградени, палестинскиот новинар Шрук ал-Аила, репортерката од Гватемала Квими де Леон и Самира Сабу од Нигер, се вели во соопштението на КЗН.

Курмашева, двојна руско-американска државјанка, беше приведена во јуни 2023 година додека го чекаше нејзиниот лет за враќање во Прага од Казан. Властите и ги одзеле и пасошите и телефонот. Таа беше ослободена, но и беше забрането да ја напушти земјата.

По пет месеци чекање за одлука за нејзиниот случај, Курмашева беше казнета со 10 000 рубли (109 долари) затоа што не го регистрирала американскиот пасош кај руските власти.

Не можејќи да ја напушти Русија без нејзините патни документи, Курмашева во октомври беше уапсена, затворена и обвинета дека е непријавен „странски агент“.

Два месеци подоцна, таа беше обвинета за ширење невистини за руската војска.

Во јули, судот во главниот град на Татарстан, Казан, ја осуди Курмашева на 6 и пол години затвор.

На 1 август, таа беше ослободена заедно со уште двајца американски државјани - Еван Гершкович и Пол Вилан.

Почнува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Основен Кривичен суд, Скопје
Основен Кривичен суд, Скопје

Во Основниот кривичен суд Скопје започнува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Судечкиот совет при Основниот кривичен суд Скопје месецов донесе одлука за спојување на постапките на обвинетите, откако Основното јавно обвинителство најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција, за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

На 22 ноември 2023 година, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Фон дер Лајен во Киев во знак на поддршка пред претстојната зима

Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија
Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен утрово (20 септември) пристигна во посета на Украина.

„Мојата осма посета на Киев се случува во исклучително важен момент“, изјави таа.

„Грејната сезона започнува за две недели, а руските непрестајни напади врз цивилната енергетска инфраструктура на Украина имаат за цел да нанесат максимална штета“, додаде Фон дер Лејен.

Таа рече дека ќе му обезбеди на украинскиот претседател Володимир Зеленски план на ЕК за зимска подготвеност за Украина. Со него се предвидува дополнителна поддршка во вредност од околу 160 милиони евра, што ќе помогне да се покрие повеќе од 25 отсто од потребите за електрична енергија на земјата.

Нејзината последна посета на главниот град на Украина беше во февруари.

Израел изврши серија напади врз Либан

илустрација
илустрација

Израелски борбени авиони бомбардирале цели на Хезболах во јужен Либан и погодиле стотици ракетни фрлачи што беа подготвени за напади врз израелска територија. Војската соопшти дека нејзините борбени авиони од синоќа погодиле околу 100 ракетни фрлачи способни да истрелаат вкупно околу 1000 проектили.

„ИДФ (Израелските одбранбени сили) ќе продолжат да дејствуваат за ограничување на инфраструктурата и можностите на терористичката организација Хезболах со цел да се заштити државата Израел“, се вели во соопштението на вооружените сили.

Во меѓувреме, Белата куќа соопшти дека е итно потребно дипломатско решение, а Британија повика на итен прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах.

Интензивното гранатирање уследи по нападите претходно во текот на неделата, кои Либан и Хезболах му ги припишуваат на Израел, во кои експлодираа радија и пејџери на Хезболах, при што загинаа 37 луѓе, а беа ранети околу 3000 во Либан.

Израел во вторникот го предупреди американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во телефонски повик дека ќе биде извршена воена операција во Либан, но не даде никакви детали, изјавија американски официјални лица.

Американскиот министер за надворешни работи Блинкен пристигна во Париз

Илустрација
Илустрација

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна во четвртокот во Париз на разговори за Блискиот Исток, чии домаќини беше Франција.

Состанокот доаѓа по нападот на пејџери и воки-токи, кои ги користат оперативците на милитантната група Хезболах, која Соединетите Американски Држави (САД) ја прогласија за терористичка организација. Нападите му се припишуваат на Израел, пренесува AFP.

Најмалку 12 лица загинаа, а околу 2.800 се ранети во експлозија на пејџер во средата во Либан. Се верува дека многу од нив се борци од Хезболах, милитантна вооружена група поддржана од Иран.

Вашингтон не ги осуди експлицитно експлозиите на комуникациските уреди, но Белата куќа ги предупреди сите страни во средата.

Агенцијата Франс прес објави дека најновите случувања во Либан ризикуваат да ги поткопаат напорите на САД за воспоставување примирје меѓу Израел и милитантната група Хамас, која САД и ЕУ ја означија како терористичка организација.
Блинкен во Париз допатува од Каиро на средба со министрите за надворешни работи на Франција, Италија и Велика Британија, а Германија во отсуство на шефот на дипломатијата ќе ја претставува официјален претставник, објавија дипломатски извори.


АФП, исто така, објави дека Блинкен ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз.

Состанокот особено ќе се фокусира на состојбата на преговорите за постигнување прекин на огнот во Газа и ситуацијата во Либан, се вели во соопштението на италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани.

Блинкен во средата во Каиро рече дека прекинот на огнот во војната меѓу Израел и Хамас во Газа ќе биде најдобриот начин да се запре ширењето на насилството на Блискиот Исток. Тоа е десетта посета на Блинкен на регионот од почетокот на израелската офанзива, која беше започната откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври 2023 година.

Можното засилување на западната поддршка за Украина во нејзината војна со Русија е исто така на агендата на состанокот во четврток во Париз, рече Тајани.

Блинкен се состана со украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела во Киев.

САД открија „помагачи“ од Северна Кореја за механизми за плаќање за Русија

Илустрација
Илустрација

Соединетите Американски Држави на 19 септември воведоа санкции против мрежа од пет субјекти и еден поединец поради наводно овозможување плаќања меѓу Русија и Северна Кореја, соопшти Министерството за финансии.

Субјектите и поединецот се со седиште во Русија и грузискиот регион Јужна Осетија, се вели во соопштението на одделот. Тие се обвинети за дејствија што ги „поддржаа тековните напори за воспоставување незаконски механизми за плаќање“ меѓу Русија и Северна Кореја.

„Денешната акција бара одговорни страни кои помогнаа Северна Кореја и руските санкции во избегнувањето на санкциите“, соопшти Министерството за финансии.

Западните сили ја обвинија Северна Кореја, која има ограничени пари, дека и продава муниција на Русија, пркосејќи на санкциите поради повеќе од 30-месечната војна во Украина, а Северна Кореја неодамна ги зајакна воените врски со Русија.
Претседателот Владимир Путин дојде во ретка посета на Пјонгјанг во јуни и потпиша „сеопфатно стратешко партнерство“ кое повикува на взаемна помош во случај на напад од трета земја.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кој се сретна со Путин, рече дека договорот отвора нова ера на соработка. Ким даде дополнителни ветувања за продлабочување на врските со Русија по средбата минатата недела со шефот на руската безбедност Сергеј Шојгу во посета на земјата.

Новите санкции објавени на 19 септември откриваат како владата на Путин користи нелегални финансиски шеми за да и помогне на Северна Кореја да пристапи до меѓународниот банкарски систем, што ги прекршува санкциите на Советот за безбедност на ОН, соопшти Министерството за финансии.

Најавата, исто така, „ја нагласува нашата значајна загриженост“ поради напорите на Русија и Северна Кореја да ја продлабочат финансиската соработка што ги прекршува резолуциите на ОН, рече вршителот на должноста потсекретар за тероризам и финансиско разузнавање на Министерството за финансии Бредли Т.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG