Достапни линкови

Вести

Хамас се согласи на разговори за ослободување на израелските заложници

Момче трча со вреќа додека луѓето ги пребаруваат урнатините на урнатата зграда како последица на израелското бомбардирање во училиштето Џауни, управувано од Агенцијата за помош и работа на ОН за палестинските бегалци.
Момче трча со вреќа додека луѓето ги пребаруваат урнатините на урнатата зграда како последица на израелското бомбардирање во училиштето Џауни, управувано од Агенцијата за помош и работа на ОН за палестинските бегалци.

Хамас, кој е прогласен за терористичка организација од страна на Соединетите Американски Држави и Европската Унија, го прифати предлогот на САД за почеток на разговори за ослободување на израелските заложници.

Предлогот вклучува и ослободување на војници и мажи.

Предлогот доаѓа 16 дена по првата фаза од договорот со цел да се стави крај на војната во Газа, изјави висок извор на Хамас на 6 јули.

Хамас се откажа од барањето Израел прво да се обврзе на траен да го прекине огнот пред да го потпише договорот.

Хамас ќе дозволи тоа да го постигнат во текот на првата шестнеделна фаза од преговорите, изјави изворот за Ројтерс под услов да остане анонимен, бидејќи разговорите се приватни.

Топлотниот бран е закана за повеќе од 130 милиони луѓе во САД

Детали од плажата Аламеда во заливот Сан Франциско, Калифорнија, САД на 3 јули 2024 година.
Детали од плажата Аламеда во заливот Сан Франциско, Калифорнија, САД на 3 јули 2024 година.

Речиси 130 милиони луѓе ширум САД ќе се соочат со екстремно високи температури во текот на следната недела, по продолжувањето на долготрајниот топлотен бран кој веќе собори рекорди за опасно високи температури, пишува АП.

Според Националната метеоролошка служба, температурите би можеле да достигнат повеќе од 38 степени Целзиусови во делови од северозападниот дел на Тихиот Океан, средно-атлантскиот и североисточниот регион на САД, а во поголемиот дел од западот, температурите најверојатно ќе бидат од 8 до 16 степени Целзиусови над просекот за ова време од годината.

Десетици температурни рекорди низ САД би можеле да бидат срушени, што ќе поттикне милиони да побараат засолниште од топлината во центрите за ладење од Орегон, до Булхед Сити, Аризона, до Норфолк, Вирџинија.

Источниот дел на САД, исто така, се подготвува за уште повисоки температури. Балтимор и другите делови на Мериленд беа под предупредување за горештини, а температурите се очекува да достигнат до 43 Целзиусови степени.

Во петокот беше поставен нов рекорд на топлина во долината на смртта во Калифорнија, едно од најжешките места на Земјата, при што температурата достигна 52,8 степени Целзиусови.

Во Недлс, град во близина на државната граница на Калифорнија со Аризона и Невада, е забележана температура од 50 степени Целзиусови, со што е соборен рекордот поставен во 2007 година кога биле регистрирани 49,4 степени Целзиусови. Во Палм Спрингс, Калифорнија, живата во термометарот покажа 51,1 степени.

Рекордна температура е забележана и во Феникс во американската сојузна држава Аризона, каде се измерени 47,7 степени Целзиусови и каде до среда се предвидуваат највисоки температури над 46 степени.

Округот Марикопа во Аризона, кој го опфаќа градот Феникс, имаше најмалку 13 потврдени смртни случаи поврзани со топлина оваа година, заедно со повеќе од 160 други сомнителни смртни случаи кои сè уште се под истрага, соопштија локалните власти.

Новиот британски премиер ја поништи одлуката за депортирање мигранти во Руанда

Премиерот на Обединетото Кралство Кир Стармер
Премиерот на Обединетото Кралство Кир Стармер

Новиот премиер на Обединетото Кралство Кир Стармер изјави дека контроверзната мерка за депортирање мигранти и баратели на работа, воведена од претходната конзервативна влада е „мртва и закопана“.

Конзервативците на поранешниот премиер Риши Сунак објавија план вреден повеќе милиони фунти за испраќање мигранти и баратели на азил во Руанда.

Сунак и неговите министри најавија дека првите депортации во таа африканска земја ќе започнат во јули.

Новиот лабуристички премиер рече дека „не е подготвен да ги продолжи овие трикови“ и потврди дека мерката се укинува, пишува Ројтерс.

Лабуристите уште пред изборите ветија дека ќе се откажат од планот „на првиот ден“ по преземањето на власта.

На првата прес-конференција откако влезе во Даунинг стрит, Стармер рече дека „планот за Руанда е мртов и закопан уште пред да започне“.

„Погледнете ги бројките на оние кои дојдоа во првите шест и пол месеци од оваа година, тие се рекордни, тоа е проблем што го наследивме“, посочи Стармер и додаде дека мерката со Руанда не може да биде решение за тоа прашање. .

Тој најави дека ќе го намали бројот на пристигнувања во Обединетото Кралство со ангажирање специјални истражители и капацитети за борба против тероризмот за да ги запрат криминалните групи кои стојат зад приливот на мигранти на островот.

Како точно ќе функционира и колку ќе чини откажувањето од планот со Руанда се уште не е јасно.

Претседателот на Руанда, Пол Кагаме, претходно оваа година навести дека британските даночни обврзници ќе мора да го надоместат пропаѓањето на договорот.

Портпаролката на Кагаме, Јоланд Маколо, подоцна изјави дека Руанда „нема обврска“ да ги врати средствата, но доколку Лондон го побара тоа „ќе го разгледаат“, но само мал дел од вкупната сума.

Делегација предводена од Мицкоски на НАТО Самитот во Вашингтон

Премиерот на Северна Македонија Христијан Мицкоски.
Премиерот на Северна Македонија Христијан Мицкоски.

Делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски на 6 јули отпатува за САД, каде ќе учествува на НАТО Самитот во Вашингтон.

Дел од делегацијата со Мицкоски се министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Инаку, Алијансата во Вашингтон ќе одбележи 75 години од формирањето.

Муцунски, во видео објавено на својот Фејсбук порача дека настанот е прилика да го „демонстрираме единството на сите сојузници и заемни заложби за понатамошно унапредување на трансатлантската соработка“.

„Во оваа прилика упатувам благодарност до нашите стратешки партнери за организацијата на овој историски самит, на кој Алијансата одбележува 75 години постоење. Настанот е одлична прилика да го демонстрираме единството на сите сојузници и заемни заложби за понатамошно унапредување на трансатлантската соработка“, рече Муцунски.

Тој додаде дека и понатаму земјата ќе продолжи да биде кредибилен НАТО сојузник, со повеќе од 2% од БДП инвестиции во одбраната како и дека со поддршката која ја земјата ја дава на Украина, порача Муцунски.

Лидерите на НАТО ќе се сретнат во Вашингтон од 9 до 11 јули.

Англија и Холандија во полуфиналето на ЕП 2024

Евро 2024 - четвртфинале - Холандија против Турција.
Евро 2024 - четвртфинале - Холандија против Турција.

Фудбалските репрезентации на Англија и Холандија се пласираа во полуфиналето на Европското првенство.

Во саботата прво Англија на пенали ја совлада Швајцарија, откако резултатот на крајот од регуларниот дел од натпреварот беше 1:1 (Сака 80' / Емболо 75'), па бидејќи ниту една екипа не постигна гол во продолжението, беа изведувани пенали.

Благодарение на промашениот пенал на Швајцарците, Англичаните славеа во Дизелдорф Арената, во истоимениот германски град.

Во вториот четвртфинален натпревар на ЕП 2024 Холандија ја победи Турција со резултат 2:1. Иако Турцја поведе во 35 минута со голот на Акајдин, во второто полувреме резултатот го израмни Де Вриј, а шест минути подоцна Мулдур си постигна автогол.

Претходно во полуфиналето се пласираа селекциите на Шпанија и Франција.

update

Вонреден конгрес на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими избран за нов претседател

Конгрес на Алтернатива во Куманово.
Конгрес на Алтернатива во Куманово.

Партијата Алтернатива од албанскиот блок денеска во Куманово одржа вонреден изборен конгрес, на кој делегатите го избраа Зеќирија Ибрахими - досегашниот генерален секретар, за нов претседател.

Околу 500 делегати беа на Конгресот за нов претседател, откако досегашниот Африм Гаши поднесе оставка од лидерската позиција и беше назначен за претседател на Собранието.

„Секој делегат има право да предложи, потребно е да има поддршка од десет отсто од вкупниот број на делегати и секој е потенцијален кандидат за претседател на партијата, изјави потпретседателот на партијата, Амир Елези пред почнувањето на конгресот.

На конгресот присуствуваат претставници од политички партии кои се дел од владиното мнозинство.

Партијата Алијанса за Албанците - Алтернатива се подели на две крила – едното на Арбен Таравари, кој сега е во владината коалиција и другото на Зијадин Села кое е дел од коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ.

Ваквиот раскол настана во пресрет на парламентарните и претседателските избори закажани за 24 април (прв круг претседателски) и 8 мај 2024 (втор круг претседателски и парламентарни).

Јавноста сведочеше на јавни конфронтирања, паралелни конгреси, партиски одлуки од двата табори.

Таборот на Таравари потоа се приклучи на опозицскиот блок во кој се Беса на Биљал Касами, Алтернатива на Африм Гаши и Демократското движење на Изет Меџити. Тие ја формираа коалиција „Вреди“, која е сега дел од владината коалиција со која се ВМРО-ДОМНЕ, Вреди и ЗНАМ.

Се предаде осомничениот за жртвите во стампедо на собир во Индија

Полицијата и роднините ги носат телата на жртвите на молитвен митинг во северна Индија, 2 јули 2024 година.
Полицијата и роднините ги носат телата на жртвите на молитвен митинг во северна Индија, 2 јули 2024 година.

Организаторот на верски настан во индиската држава Утар Прадеш, каде пред четири дена загинаа повеќе од 120 луѓе, и се предал на полицијата, пренесе Ројтерс.

Пред предавањето на главниот осомничен Девпракаш Мадукар, се вели дека полицијата понудила награда од 1.200 долари за информации што ќе доведат до негово апсење.

Мадукар е осомничен дека незаконски организирал настан со 250.000 учесници, бидејќи властите издале дозвола за собир на само 80.000 луѓе.

Најмалку 121 лице загинаа во стампедо на митинг во селото Могал Гархи минатиот вторник, кога голем број луѓе побрзаа да го допрат проповедникот Бола Баба.

Индиските медиуми објавија дека голем број луѓе, од кои повеќето жени и деца, паднале во отворена канализација во близина на местото на собирот.

Полицијата соопшти дека организаторите на настанот не им пружиле помош на повредените и дека се обиделе да го прикријат инцидентот со криење на облеката и обувките кои луѓето ги изгубиле во стампедото.

Истрагата е во тек додека полицијата трага по Боле Баба.

Русија додаде уште двајца новинари на листата „странски агенти“

Руската новинарка Олесија Герасименко.
Руската новинарка Олесија Герасименко.

Руското Министерство за правда додаде уште двајца независни новинари, Олесија Герасименко и Сергеј Јежов, на својата листа на „странски агенти“.

Герасименко работи за „Verstka“ - независна онлајн публикација за вести основана во април 2022 година од група независни руски новинари.

Јежов е истражувачки новинар во „The Insider.“

Адвокатот Григориј Вајпан, заменикот од Санкт Петербург и ЛГБТ активист Сергеј Трошин и поранешниот општински заменик во Санкт Петербург, Фјодор Уткин, исто така беа додадени на списокот „странски агенти“.

Русија го користи својот закон за „странски агенти“ од 2012 година за да ги етикетира и казнува критичарите на владините политики.

Бајден најави дека не се откажува од кампањата за реизбор

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп и американскиот претседател Џо Бајден на првата претседателска дебата на изборите во 2024 година со во студиото на CNN во Атланта.
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп и американскиот претседател Џо Бајден на првата претседателска дебата на изборите во 2024 година со во студиото на CNN во Атланта.

Претседателот Џо Бајден се бореше да го задуши бунтот меѓу некои демократи кои го туркаат да се откаже од кампањата за реизбор по лошиот настап во дебатата, ветувајќи дека останува во трката.

Во жестокиот говор пред приврзаниците во Висконсин на 5 јули и во интервју за ABC News, Бајден тврдеше дека тој е најдобриот демократски кандидат за да го спречи републиканецот Доналд Трамп да ја врати Белата куќа на изборите на 5 ноември.

Настапот на Бајден на неговата дебата со Трамп на 27 јуни предизвика сериозна загриженост кај некои демократи за неговата ментална острина и издржливост на 81-годишна возраст.

Има движење во партијата за да го убеди да се повлече, при што критичарите предупредуваат дека се соочува со речиси сигурен пораз и дека може да ги повлече и другите демократи со себе.

Демократите во Претставничкиот дом и група сенатори се очекува да се состанат на оваа тема кога ќе се вратат во Вашингтон следната недела.

Некои анкети на јавното мислење покажаа дека Трамп ја зголемил предноста по дебатата, а анкетата на Ројтерс/Ипсос покажа дека секој трет демократ сака Бајден да се откаже од трката.

Бајден го отфрли движењето во петокот.

„Имавме мала дебата минатата недела. Не можам да кажам дека тоа беше мојот најдобар настап. Но, оттогаш има многу шпекулации. „Што ќе прави Џо? Дали ќе остане во трката? Дали ќе се откаже? " - изјави Бајден.

„Па, еве го мојот одговор: трчам и повторно ќе победам“.

Молдавија, Романија и Украина потпишаа договор за борба против руските дезинформации

Романската министерка за надворешни работи Луминита Одобеску, молдавскиот министер за надворешни работи Михаи Попсои и украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во Кишињев на 5-ти јули.
Романската министерка за надворешни работи Луминита Одобеску, молдавскиот министер за надворешни работи Михаи Попсои и украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во Кишињев на 5-ти јули.

Молдавија, Романија и Украина потпишаа заеднички договор за соработка за борба против руските дезинформации.

Договорот беше потпишан за време на трилатералниот состанок на министрите за надворешни работи на трите земји во главниот град на Молдавија, Кишињев, на 5 јули.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба за новинарите по состанокот изјави дека рускиот „хибриден воен арсенал“ се користи не само против Украина, која Москва ја нападна во февруари 2022 година, туку и против Молдавија.

Средбата меѓу Кулеба и министрите за надворешни работи на Молдавија и Романија, Михаи Попсои и Луминита Одобеску, беше трет трилатерален собир од 2022 година.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG