Според НАТО Центарот за стратешки комуникации, списокот сопатници и повереници на Русија на Балканот е многу долг и на него се наоѓаат партии, здруженија, граѓански движења и организации со проруска агенда, од Скопје до Бања Лука, кои Кремљ ги користи во обидите да го запре ширењето на НАТО и ЕУ.
По недобивањето датум од ЕУ за Македонија и Албанија, Кремљ почна офанзива, пред се преку своите олигарси на Балканот, за да го искористи вакуумот и да го прошири своето влијание на балканските земји, анализира софискиот Центар за демократски студии.
Ако НАТО, САД и ЕУ, кои се изјаснија дека го помагаат евроатланстскиот пат на западно-определениот Балкан, настапуваат сојузнички, тогаш зошто Кина и Русија, кои, како што вели Остин Долер од Центарот за европски политички анализи, иако имаат заеднички интереси, не влегуваат во сојуз?
Рускиот претседател Путин, пред лондонскиот Самит на НАТО, рече дека ширењето на Алијансата е закана за Русија, а аналитичарите Максим Саморуков и Симеон Костадиновски велат дека, иако се очекува Москва да го намали интересот за Македонија, тоа нема да значи дека ќе му го препуштат регионот на НАТО.
Соколот од Кремљ, Готвачот на Путин, Живаљевиќ, Савидис, Вадимович, Малофеев, Малинов, Бачев и уште многу други, според медиуми како Њујорк тајмс и аналитичари од рангот на Хауард Амос и Марк Галеоти, се „политичките готвачи“ во сенката на Кремљ од Македонија до Африка.
Дали промената на реториката на Русија кон Македонија и честите бизнис-форуми, културни и образовни настани се искрена понуда за пријателство од Москва помирена со фактот дека не го спречи Скопје да отиде на Запад или е обнова на тактиката за „мека моќ“ за враќање на своето влијание во Македонија?
Неколку аналитички центри и експерти предупредуваат дека Москва може да се обиде да крене нова Железна завеса или нов политички Берлински ѕид во својата „борба“ со Западот, а според политичките околности во последните години, завесата може да се спушти на Балканот.
Формално, нема официјален сојуз на Москва, Анкара и Пекинг на Балканот, но по европското НЕ за Македонија и Албанија, реални се шансите тие да направат бермудски политички триаголник за Западен Балкан, а имаат и начин да го сторат тоа, предупредуваат експертите.
Три недели по одбивањето на Македонија во Брисел не стивнуваат критиките дека бриселското НЕ може да ја турне Македонија во руска прегратка, да разбуди националистички сили во регионот и да ѝ овозможи на Москва да ја искористи шансата која одамна ја чека.
Годинава бројот на руски дезинформации во Западен Балкан, а со тоа и во Македонија, се удвоил, иако 2019 беше означена за година на борба против дезинформациите, а Европарламентот дури изгласа и резолуција како предупредување. Но, остана ли некој глув на овие предупредувања?
Во последно време се почесто го слушаме прашањето дали Кина крие нешто зад своето „економско ура“ во Западен Балкан, а аналитичарите се се погласни дека никој не треба да биде изненаден што некои кинески инвестиции доаѓаат на Балканот со политички опаш.
Институтот за безбедносни студии од Прага, во една од своите последни анализа на оваа тема, вели дека Кремљ може да отиде многу подалеку од класично ширење на обични лажни вести и во Западен Балкан да се обиде со сајбер напади да ослабне клучни системи.
Вчитај повеќе