Сѐ повеќе граѓани бараат помош во храна од народните кујни. За да се нахранат што повеќе гладни помага државата, помага црквата, но и здруженија и иницијативи. Некои вака се хранат со години, други почнале неодамна, откако инфлацијата удри по џебот и на оние кои и пред неа имале малку.