Азербејџан е домаќин на „КОП29“, климатската конференција на ОН, што наиде на критики од некои кои укажуваат на огромната нафтена индустрија во земјата и слабото досие против загадувањето. Недалеку од градот домаќин, Баку, РСЕ сними нетретиран отпад како се слева во Каспиското Море.
Во главниот град на Азербејџан, Баку, на 11 ноември започна 29-та Конференција на ОН за климатски промени (КОП29) со надеж дека ќе напредува во глобалната битка за борба против климатските промени. Но, веднаш избувнаа и расправии околу агендата на состанокот.
Додека Азербејџан се подготвува да биде домаќин на разговорите за климата COP29 на Обединетите нации, жителите во близина на главниот град Баку велат дека загадувањето со нафта претставува токсична опасност. Државните претставници ја промовираат државата како чиста, просперитетна економија.