Измамени од агенции за вработување со соништа за подобар живот, многу филипински домашни работнички во Косово се соочуваат со сурова реалност. Некои, оставени без документи, трпат злоупотреба во тишина, заробени од договори што не можат да ги прочитаат и од систем кој не ги заштитува.
Стравувањата од етнички тензии неделава се разгореа на Балканот откако Косово драматично го засили притисокот врз десетици илјади локални Срби, затворајќи ги поштите што ги користат Србите и со обидот за контроверзно повторно отворање на мостот што ги дели етничките српски и албанските заедници.
Зајакнати патроли предводени од НАТО се движат долж косовско-српската граница во екот на зголемена тензија. Северно Косово е област со мнозинско српско население со порозна граница за шверцери и милитанти да преминат во косовските градови, понекогаш предизвикувајќи смртоносни судири.
Се проценува дека најмалку еден процент од територијата на Косово е деградирана од каменоломи. Оваа високопрофитабилна индустрија, според официјалните извештаи, имала штетно влијание врз животната средина, особено што поголемиот дел од каменоломите не биле санирани по престанокот на активностите.
Џеред Кушнер, зетот на Доналд Трамп, понудил проект со кој сака најголемиот албански остров и поранешна воена комунистичка база, да го претвори во луксузно одморалиште. РСЕ го посети Сазан, островот на бункерите и тунелите, но и на недопрени природни убавини...
Жителите на северно Косово, област со мнозинско етничко српско население, конечно ќе бидат принудени да плаќаат сметки за електрична енергија според договорот кој се подготвувал со години. Планот за наплата ќе стави крај на 25-годишната бесплатна струја за четири општини.
Додека локалното население на северот на Косово секојдневно протестира, тензиите ги чувствува и албанското население од тој дел на државата.
Отштетите за жртвите од воените злосторства, од страна на припадници на ОВК, одредени во пресудите на Специјалниот суд за воени злосторства, наидоа на правна пречка. Пресуда има, закон има, ама со ограничени можности за исплата.