Изборите во Иран на 1 март ќе донесат нов парламент и Собрание на експерти, тело кое го избира Врховниот лидер на земјата. Но, во десетици аудио и писмени пораки испратени до Радио Фарда на РСЕ од Иран, многу луѓе велат дека нема да гласаат на, како што рекоа, нефер избори.