Социјалдемократската партија (СДП) на Хрватска и претседателот на земјата Зоран Милановиќ на 15 март објавија дека тој ќе биде кандидат на партијата за претстојните парламентарните избори на 17 април и дека има намера да се кандидира за премиер. Само два дена по објавата, рејтингот на СДП порасна.