Село како село, но не баш. Од секој варосан ѕид ѕирка некоја ѕвезда од локалниот паб или светското кино. Станува збор за графити кои секое лето се обновуваат со нови ликови. Годинава се нацртани луѓе на НАТО, но со едно појаснување - на сликите е присутен и непобедливиот бугарски домат.