„Не чувствувам вина“ кратко изјави специјалната обвинителка Катица Јанева по 4 часовниот распит во Обвинителството. Таа за нејзиниот исказ пред колешката од Обвинителството од организиран криминал рече дека била повикана во својство на сведок.
На новинарските прашања одговараше кратко со „да“ или „не“. Јанева изјави дека не знае каде е осомничениот во „Империја“ и сведок во „Рекет“ бизнисменот Орце Камчев. Не сакаше да споделува многу детали затоа што рече дека истрагата се уште трае. На новинарското прашање зошто предложила спогодбено да се реши случајот „Империја“ Јанева со кус одговор.
„ Тоа има време кога ќе се објасни“, вели Јанева. Од друга страна пак, Јанева рече дека не може да каже ни дали истрагата за „Рекет“ е проширена затоа што тоа било работа на Обвинителката што го води случајот, но не одговори ни дали некој политичар бил инволвиран, ниту пак, дали е нејзин гласот кој се слуша на аудио снимките кои беа објавени на Ла Верита.
„Мора да бидете стрпливи, ова е истрага и тогаш не се споделуваат информации. Ќе има судење и ќе се гледаме уште. Два мои телефони што сум ги користела се на анализа во обвинителство, им одговори Јанева на медиумите.
Кога одговараше пред новинарите нејзиниот правен застапник Стеван Павлевски ја советуваше дека не е на распит пред медиумите.
На социјалните медиуми правници коментираа дека нејзиниот адвокат е правен застапник и на еден од осомничените во „Империја.“
Таа во Обвинителството преходно одговараше на прашањата на обвинителката Вилма Русковска за нејзините сознанија околу предметот „Рекет“. Во овој предмет за трговијата со влијание и перење пари засега осомничени се Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милески познат под прекарот Кичеец. Тие веќе втор месец се во притвор.
Видете и ова: Јанева на сведочење за Рекет - Сè ли ќе биде ОК?
Инаку, поранешниот претседател на Врховниот суд Дане Илиев вели дека својството во кое е повикана Јанева во Обвинителството може да се смени во текот на истрагата во зависност од доказите до кои ќе дојдат обвинителите.
„ Дали подоцна може да биде и обвинета, да се спроведува истрага против неа не може да го сопре тоа. Значи може да биде и сведок, може подоцна во зависност од тоа што ќе се прибере во предистрагата, да биде и предмет на истрага. Така да, тоа својство најдобро го оценува обвинителот кој што ја води истрагата, сака да дојде до информации за неа или за некој други осомничени. Во овој случај бидејќи е повикана како сведок претпоставувам дека сака да дојде до информации за други осомничени во истрагата „Рекет“, “ објаснува Илиев.
Дали за неа ќе има истрага и каква ќе евентуалната истрага за неа зависи од други докази, а не од нејзиното сведочење, додава Илиев.
Видете и ова: Каков имот пријавиле обвинителите од СЈОДосега во Обвинителството искази дадоа обвинителките Елизабета Јосифовска и Лиле Стефанова, обвинителот Бурем Рустеми и шефицата на кабинет на Јанева, како и осомничениот Зоран Милески- Кичеец и Лилјана Тодоровски, пензионерка која добила 720 илјади евра за идејата за европски центри за возрасни лица, во име на невладината на Боки 13 Меѓународен сојуз.
Според снимените разговори кои беа објавени Камчев преку Боки 13 и Зоки Кичеец се обидува за милион ипол евра да си ја купи слободата и да го затвори предвреме предметот Империја чија истрагаобвинителките Стефанова и Јанева ја отворија во ноември минатата година.