Шест заклучоци од големата изборна победа на Орбан во Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан им мавта на своите приврзаници по изборите на 3 април.

Малкумина набљудувачи се сомневаа во институционалните предности што владејачката партија на премиерот Виктор Орбан си ги даде за да обезбеди уште еден мандат во владата. Но, речиси никој не предвиде толку голема победа која ќе има импликации врз демократијата во Унгарија. Енди Хејл

Изборните власти во Унгарија ги објавија првичните пребројувања на гласовите кои укажуваат на тоа дека Виктор Орбан и неговата партија Фидес постигнаа победа на изборите одржани на 3 април.

Поради комплицираниот систем на гласање во земјата, бројките сè уште можат малку да се променат во текот на неделава.

Но, најверојатниот резултат е дека десничарската владејачка Фидес ќе контролира двотретинско мнозинство во идниот парламент, што ќе му дозволи да владее практично неприкосновено.

Видете и ова: И Вучиќ и Орбан прогласија убедлива победа на изборите

Набљудувачите се изненадени од убедливата победа откако предизборните анкети сугерираа тесна трка.

На изборите излегоа околу 70 насто од 8-те милиони унгарски граѓани со право на глас, а очигледната разлика и некои други фактори веројатно им дадоа на набљудувачите причина за загриженост.

„Украдени избори“ имплицира дека некој ги прекршил сите правила. А, знаете што, она што Орбан го прави толку добар е што ги измислува правилата што му се потребни за да победи“, изјави за РСЕ Ким Лејн Шепеле, професор од Принстон.

Еве шест заклучоци од унгарските избори:

1. Многу поголема победа од очекуваното

„Освоивме победа толку голема што може да се види од Месечината, а сигурно може да се види и од Брисел“, извика Орбан во својот победнички говор.

Повеќето предизборни анкети покажаа јаз меѓу Фидес и здружената опозиција од 4 до 7 процентни поени, главно во корист на Фидес. Тоа е значителна маржа под секакви услови.

И вградените предности, како што е например системот за гласање во еден круг, со двојни ливчиња, се смета дека го фаворизираат Фидес.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан

Прелиминарните бројки сугерираат дека Фидес можеби веќе има 136 од 199 места во парламентот, што ќе му овозможи двотретинското мнозинство што му дозволува да го промени уставот и кој било друг закон.

Загрижувачка регресија на правата на ЛГБТ во Источна Европа

Дополнително, новата десничарска партија, Мојата татковина, која е потенцијален сојузник на Фидес и за која се смета дека ја уништила гласачката база на десничарската опозициска партија Јобик, се чини дека освоила уште седум места.

„Ова е целосен шок. Никој не е изненаден од победата на Фидес. Она што е целосно шокантно е големината на победата“, вели Шепеле, којa помина години во Унгарија проучувајќи ги посткомунистичките процеси на уставот.

2. Нерамноправни изборни услови

Унгарската опозиција конечно ги здружи силите. Но, дури и обединета не успеа да го порази шампионот на „нелибералната“ власт кој има веќе три последователни мандати на целосна доминација од 2010 година.

За тоа време, Орбан ги преработи уставот и клучните аспекти на изборните закони и ја консолидираше контролата врз речиси секој поголем медиум во земјата.

Според речиси сите анализи пред гласањето, опозицијата беше подобро организирана од сите други избори во последните години.

Видете и ова: Унгарската опозиција го призна поразот на изборите

Под знамето Обединети за Унгарија, таа во минатата година го избра за лидер Питер Марки-Зај, малку познат градоначалник.

Но, на изборната ноќ, Марки-Зај беше опкружен само со неговото семејство. Немаше опозициски сојузници на повидок.

Марки-Зај рече дека обединетата опозиција „ја признава победата“ на Фидес, и покрај „мамењето“ и „перењето на мозоците“ извршени од Фидес и неговите пријателски медиуми, што ја направи борбата „нерамноправна“. „Дека овие избори беа демократски и слободни е нешто што ние продолжуваме да го оспоруваме“, рече Марки-Зај.

3. Непријателите на Орбан се множат

Орбан по изборите веднаш се пофали со изјавата; „Најдобро победивме кога сите се собраа против нас“.

Тој ги наведе „огромните меѓународни центри и организации на моќ“, алузија на познатите непријатели на Орбан, како што се Европската унија или напорите на Џорџ Сорос за промоција на демократијата.

Кандидатот за премиер на унгарската опозиција ако дојде на власт ќе го екстрадира Груевски

И, се разбира, тој продолжи да го прикажува Марки-Зај како марионета на Ференц Ѓурчањ, поранешен унгарски премиер кога се распадна политичката левица во 2010 година.

Џенифер Меккој, визитинг истражувач во Институтот за демократија на Централноевропскиот универзитет од Државниот универзитет Џорџија во Атланта, истакна дека „силната негативна партизација во поларизираните земји е жива и здрава во Унгарија“.

„Луѓето повеќе гласаат против другиот кандидат отколку за нивниот кандидат“, изјави таа.

Видете и ова: ОБСЕ: Изборите во Унгарија и Србија немале еднакви услови за натпревар

Но, Орбан, исто така, го именуваше украинскиот претседател Волдимир Зеленски, кој минатиот месец го прозва унгарскиот лидер поради неговата неподготвеност да им се придружи на неговите сојузници во НАТО и ЕУ во помошта за снабдување со оружје за Украина откако Путин започна голема војна пред шест недели. Орбан го опиша Зеленски како „противник“.

Мујтаба Рахман, управен директор за Европа за Групацијата Евроазија, консултантска компанија за политички ризик, предвидува дека неговата „убедлива победа дополнително ќе го охрабри Орбан“ да ги предизвика Европската унија и „лево-либералното размислување“, особено ако е вградено во европските конзервативни партии.

„Што е позагрижувачки, тој ќе се чувствува слободен уште повеќе да се спријателува со Владимир Путин и другите источни автократи. Накратко, Брисел треба да се подготви за нови неволји, бидејќи сето она што претходно го сметаше за одвратно кај унгарскиот премиер, сега сигурно ќе се интензивира во следните неколку месеци, но и во следните четири години, вели Рахман.

4. Можни нерегуларности при гласањето

„Изгледаат како легално местени избори. Вака работи Орбан. Тој прави легално сè што му треба“, рече Шепеле по објавувањето на првите изборни резултати.

Додека вкупната победа на Фидес е практично обезбедена, конкретни бројки и модели -- и докази за неправилности -- сè уште може да се појават. Марки-Зај во својот говор по изборите предупреди:

„Дека овие избори беа демократски и слободни е нешто што ние продолжуваме да го оспоруваме“. Покрај двојното гласање и другите предности, аналитичарите предупредија и на таканаречениот „гласачки туризам“.

Орбан на листата на „непријатели на слободата на печатот“

Тоа е затоа што новото законодавство им дозволува на гласачите во и надвор од земјата да се регистрираат во која било област што ќе ја изберат.

Промената би можела да овозможи мобилизирање, насочување, па дури и транспортирање на гласовите на места каде маргините се тесни, предупредија експертите.

Тоа, исто така, може да му нанесе удар на едно од најголемите достигнувања на опозицијата -- нејзината способност да истакне заеднички кандидати во секоја од 106-те едномандатни изборни единици во земјата.

Видете и ова: Орбан се дистанцира од Кина пред изборите во Унгарија

На Унгарците законски им е забрането да дејствуваат како набљудувачи на изборите. Но, опозицијата успеа да регрутира околу 20.000 волонтери да бидат присутни надвор од избирачките места за, како што го нарече, проектот „Чист глас“.

Широко споделените слики од комбиња кои носат групи гласачи на избирачките места навестуваа организиран обид да се преселат гласачите. Тоа се видовите на неправилности што би можеле да го привлечат вниманието на унгарските изборни власти во наредните денови.

Но, Шепеле вели дека Националната изборна канцеларија е под ново раководство кое нашироко се смета за „значително поблиску“ до Фидес отколку на претходните избори.

Само втор пат во својата историја, Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР) побара целосна набљудувачка мисија во земја-членка на ЕУ, поради загриженоста за потенцијална изборна измама, медиумска пристрасност и употреба на државни ресурси.

5. Гласање во сенка на војната

Одговорот на Орбан на руската инвазија и четирите милиони бегалци од Украина беше решително одбивање директно да им помогне на сојузниците од ЕУ и НАТО да обезбедат оружје и слична помош за Украина и силите обединети зад претседателот Володимир Зеленски.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и рускиот претседател Владимир Путин се ракуваат по прес-конференцијата по нивните разговори во Будимпешта, Унгарија, 30 октомври 2019 година.

Со години, Орбан внимателно негува блиски дипломатски и трговски врски со Москва и Путин, вклучително и увоз на енергија.

Будимпешта ќе бара од Москва зголемување на количините на гас

Додека во февруари имаше големи тензии во односите на Западот со Москва поради десетиците илјади руски војници на границите на Украина, Орбан отиде во Сочи на средба со Путин, по што излезе со договор за увоз на дополнителни резерви природен гас од Русија.

Видете и ова: Орбан: Унгарија нема да стави вето на санкциите на ЕУ за Русија

Аналитичарите ги обвинуваат растечкото потпирање врз руската енергија и долгогодишните спорови со Киев за прашањето на етничките Унгарци во Украина за Орбановиот воздржан став кон војната.

„Унгарското општество целосно се сврте во врска со војната“, изјави за РСЕ политичкиот аналитичар Андреа Сабо, наведувајќи: Можно е дека неконфронтирачката позиција на Орбан за војната, која би можела да овозможи континуиран прилив на гас, е повеќе во согласност со просечниот гласач во Унгарија“.

6. Последната одбрана на унгарската демократија?

„Неодамна слушнавме многу глупости за тоа дали има демократија во Унгарија“, новинската агнеција АП го цитираше државниот секретар Золтан Ковач на еден настан во главниот град во текот на изборната ноќ, кој додал: „Унгарската демократија во последните 12 години не е ослабена, туку зајакната.

Конзервативната групација со седиште во Будимпешта, Центарот за фундаментални права, го нарече гласањето на 3 април „најзначајниот настан на унгарската демократија во ерата по транзицијата од комунизмот“. Гласањето беше историско, во ред.

Изборите во Унгарија, предизвик за Орбан

Но, критичарите сугерираат дека тоа е изведено од погрешни причини. На прагот на нов мандат, Орбан веќе е на власт 16 од последните 24 години. Тоа е јасно предупредување, велат тие.

„Тоа се вид на историски избори што го означуваат крајот на демократијата наместо процут“, вели Шепеле, додавајќи: „Кога владата ја монополизира моќта на медиумите, кога владата ги поставува сите правила, кога владата го користи секој аспект за да купи гласачи тоа не е „демократијата“.

Со ваквата оценка се согласува и Мекој. „Мислам дека е важно сите оние кои веруваат во демократијата внимателно да ги набљудуваат земјите и лидерите како постепено ја уништуваат демократијата и се зацврстуваат на власт. Тоа е постепен процес. И затоа често се игнорира, додека не стане многу добро вкоренет, како во овој случај“, заклучува Мекој.