Шапкарката од градот под Шапка
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Младата Мирјана Јосифоска е единствена дизајнерка на шапки во Македонија. Вели дека учела од кројачи од старата, југословенска школа, но и дека сака да го модернизира процесот со користење на нови технологии. Работи со реупотребени или со материјали од природно потекло. Употребува техники на кроење со нула отпад и прави шаблони со 3Д технологија за да штеди на хартија. Сака да користи материјали кои може да се рециклираат за да прати и еко порака за тоа колку е важна одржливоста.