Хилда, Сиријката од Бања Лука
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Хилда Хрекес е 29-годишна Сиријка од Алепо. Taa ја напуштила родната земја во 2011 година, за да студира во Загреб. Две години подоцна се преселила во Бања Лука, Босна и Херцеговина, каде почнала да пее во црковни хорови и да се занимава со црковно пеење. Во меѓувреме, станала дел од етно групата Дар, студира фармација и го посетува училиштето за византиско пеење во Нови Сад, Србија.