Нови 89 случаи позитивни случаи на коронавирус, седум починати, а 17 оздравени пациенти се регистрирани во изминатите 24 часа, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче. Меѓу новозаболените има тројца од Дом за стари лица во Скопје. По двајца починати се регистрирани во Куманово, Скопје, и Тетово и еден починат пациент во Струга. Филипче нагласи дека ситуацијата е под контрола и дека ќе се причека два до три дена за да се утврди дали има потреба за нови рестриктивни мерки.
„Добар дел од пациентите остануваат дома и здравствениот систем и со овој бран добро ќе се справи. Околу 70 отсто од новозаболените се од Чаир и Сарај“, рече Филипче.
Во однос на тестирањата по контактите со потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири кој е позитивен на коронавирус, Филипче посочи дека во самоизолација се потпретседателите на партијата, Дамјан Манчевски, Мила Царовска и шефот на кабинетот на премиерот Марјан Забрчанец. Филипче потврди дека позитивен тест имала шефицата на УЈП, Сања Лукаровска и се работи на епидемиолошките анкети на нејзините контакти. Голема е веројатноста, според Филипче, дека премиерот Оливер Спасовски ќе треба да биде во самоизолација од 2 недели. Се уште во тек се и епидемиолошките анкети и на други членови на партијата.
Видете и ова: Полицискиот час завршува, кафеаните почнуваатВо Штип се затворени 6 конфекции, а ќе се направат околу 600 тестови да се елиминира натамошна трансмисија на болеста. Според Филипче, полицискиот час се укинал врз основа на анализа и проценка на состојбата со новодијагностицирани пациенти.
„Голем дел од новите заразени се кога имаше ограничување на движење и податоците кои ги даваат покажуваат дека има прекршување на мерки во движење и собири, односно семејни собири и носење маски. Ние во еден момент мора да ги попуштиме мерките и интензивно ја пратиме ситуацијата. Доколку има потреба и начинот на ремисија ако бара ограничување на движење комисија тоа ќе препорача. Голем дел од заразените не ја почитувале дистанцата и носење на маска“, рече Филипче.
Во однос на тајмингот на мерките Филипче истакна дека ќе ги пратат бројките во наредните денови и ќе се донесе одлука до крајот на оваа недела дали би се вовеле карантини кои би важеле за одредени населби како Гази Баба, Чаир, Сарај и евентуално делови од Штип, како и евентуално воведување на полициски час ограничен на одредени региони. За заштитни маски тој порача дека смета оти е добра одлуката за нивно задолжително носење.
Видете и ова: Дали Црна Гора ќе стане првата земја без коронавирус во Европа?Во следните неколку денови Филипче најави дека ќе се дискутира за отворање на границите.
„Ќе ги гледаме бројките не треба да се избрзува во ваква ситуација кога имаме висок број на заболени, иако се под контрола кластерите, но сепак мислам соседите ќе ја гледаат бројката“, порача тој.
Во наредните денови ќе се дискутира и дали ќе се преземат мерки за претстојниот продолжен викенд. Од почетокот на епидемијата дијагностицирани се 2.315 случаи, починати се 140 лица, а активни случаи се 606.