Украинските сили околу Бахмут против руските платеници

Украински војник истрела минофрлачка граната врз руските позиции во Бахмут на 21 октомври.

Украинските трупи велат дека руските сили постигнале мали, но тешки придобивки, најмногу благодарение на припадници на групата Вагнер, поврзана со Кремљ.

Украински војник се засолнува во ровот опкружен со минофрлачи во Бахмут на 21 октомври.

Евгениј Пригожин, богат бизнисмен и близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, познат и како „готвачот на Путин“, е идентификуван како лидер на Вагнер.

 

Украински тенк пука врз руските позиции на 22 октомври.

„Вашингтон пост“ објави дека Пригожин испраќа платеници во Бахмут со надеж дека ќе го освои додека руската војска се бори на бојното поле.

Чад се издигнува над Бахмут за време на руското гранатирање на 22 октомври.

Пригожин, наводно, регрутирал речиси 1.000 затвореници од два затвора во југозападниот руски регион Ростов, ветувајќи им предвремено ослободување доколку се борат во Украина.

Украински авион Су-25 испушта топлински бранови во близина на Бахмут на 22 октомври.

Платениците на Вагнер се вмешани во кршење на човековите права, вклучувајќи тортура, силување и масовни убиства во различни конфликти, вклучително и Украина.



 

Самоодно артилериско возило пука во близина на Бахмут на 22 октомври.






 

Украински војник ја држи својата автоматска пушка во градот Бахмут на 13 октомври.

Војската на Украина постигна значителни успеси во изминатиот месец. Воените експерти нашироко се согласуваат дека силната мотивација и западната поддршка се клучни за тие успеси.









 

Локален жител се обидува да го изгасне пожарот по гранатирањето во градот Бахмут на 23 октомври.





 

Повеќето од 70.000 граѓани на Бахмут веќе побегнаа. Оние што останаа се главно постари лица кои живеат без вода или струја, додека татнежот на артилеријата одекнува низ урнатините на градот.

Со оглед на тоа што градот е под налет на артилериски напади, жителите се оставени сами на себе.

Жена турка велосипед натоварен со предмети додека го напушта Бахмут на 23 октомври.