Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш е во посета на Киев каде ќе се сретне со раководството на Украина, додека министерот за одбрана на земјата предупреди дека претстојат „екстремно тешки недели“ за украинските бранители додека Русија ја продолжува својата офанзива од големи размери на истокот. Гутереш пред да пристигне во главниот град на Украина ги посети и Бородјанка и Буча.
Видете и ова: Руски воздушни напади во јужна и источна Украина, висок ризик за цивилитеВојната во Украина тој ја нарече „апсурд во 21-от век“ по обиколката на Бородјанка, која се наоѓа во близина на Киев, каде што беа пронајдени тела на цивили, при што некои покажуваа знаци на тортура, откако руските трупи се повлекоа од областа претходно овој месец.
„Го замислувам моето семејство во една од тие куќи што сега е уништена и црна. Гледам како моите внуки бегаат во паника. Војната е апсурд во 21 век. Војната е зло. Нема шанси војната да биде прифатлива во 21 век“, рече Гутереш.
Повлекувањето на руските сили од градовите како Бородјанка и Буча откри страшни докази за брутални убиства, тортура, масовни гробници и неселективно таргетирање на цивили во борбите, што поттикна повици од неколку земји, како и од ОН и Меѓународниот кривичен суд за спроведување на истраги за да се утврди дали биле извршени воени злосторства.
„Јас целосно го поддржувам Меѓународниот кривичен суд и апелирам до Руската Федерација да прифати, да соработува со него. Но, кога зборуваме за воени злосторства, не можеме да заборавиме дека најлошото од злосторствата е самата војна“, додаде Гутереш подоцна за време на посетата во Буча.
И покрај огромните докази за спротивното, Русија негираше дека цели цивили откако ја започна својата неиспровоцирана војна во Украина на 24 февруари.
Бајден бара 30 милијарди долари за поддршка на украинската „борба за слобода“
Американскиот претседател Џо Бајден ќе побара 33 милијарди долари од Конгресот за поддршка на Украина, потег што претставува драматичен раст на американското финансирање за земјата во нејзината војна против Русија.
Бајден рече дека трошењето е неопходно „за поддршка на Украина во нејзината борба за слобода“.
„Цената на оваа борба, не е евтина, но препуштањето пред агресијата ќе биде поскапо“, истакна тој.
Барањето вклучува над 20 милијарди долари за оружје, муниција и друга воена помош, како и 8,5 милијарди долари директна економска помош за владата и 3 милијарди долари хуманитарна и помош за безбедност на храната.
Сумата го претставува она што американските власти очекуваат да и треба на Украина до септември.
Бајден рече дека голем дел од воената опрема што САД веќе ја најавија, вклучувајќи беспилотни летала, радарски системи, муниција, во последните две недели веќе пристигнала во Украина.
Тој додаде дека сега има 10 антиоклопни системи во Украина за секој руски тенк во земјата.
Офанзива на истокот
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников предупреди на големо „уништување“ на истокот на земјата. Според него, Русија „ќе се обиде да и нанесе колку што е можно поголема болка“ на Украина во нејзината тековна офанзива на истокот.
Резников предупреди на „уништување и болни жртви“ меѓу Украинците додека тој и официјални лица од околу 40 земји се состанаа втор ден во американската воздухопловна база во Рамштајн, Германија.
„Ова е вистинска коалиција, чија цел не е само да бара одговорност од Кремљ, туку да ја победи руската тиранија, да обезбеди цивилизираниот свет да победи во оваа војна“, напиша Резников на Фејсбук.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека руски проектили во текот на ноќта погодиле четири украински воени цели, при што биле уништени две складишта за ракети и муниција во близина на населбите Барвинкове и Иванивка на истокот од земјата. Се наведува дека руските сили собориле и украински авион Су-24 во близина на Луганск.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Поддршка од Британија
Британскиот секретар за одбрана Бен Валас денеска изјави дека би било легитимно украинските сили да ја таргетираат руската логистика, но веројатно нема да користат британско оружје.
Москва го обвини Лондон дека ја провоцира Украина да напаѓа цели во Русија, велејќи дека ќе има итен „пропорционален одговор“ доколку продолжи.
„Доколку Украина одлучи да таргетира логистичка инфраструктура за руската армија, тоа би било легитимно според меѓународното право“, изјави Валас за Би-Би-Си.
Тој рече дека оружјето со долг дострел најверојатно нема да дојде од Британија, бидејќи украинските сили имаат тенденција да користат мобилни фрлачи додека британската армија ќе ги испорача од воздух или море.
„Секако дека Британија помага и наоѓа артилерија за Украина, која главно ја користи во рамките на Украина врз руските сили“, рече тој.
Валас, исто така, негираше дека НАТО е заглавено во прокси војна со Русија, но рече дека Западот ќе обезбеди зголемена поддршка за Украина доколку продолжат руските напади.
„Понекогаш тоа ќе вклучува авиони и тенкови“, изјави Валас.
Русија со предупредување до Западот
Русија во меѓувреме му порача на Западот да престане да испраќа оружје во Украина, велејќи дека големите западни испораки на оружје го разгоруваат конфликтот.
Обраќајќи им се вчера на пратениците во Санкт Петербург, Путин предупреди од странско мешање во Украина, заканувајќи се со „молскавична“ одмазда.
„Ако некој има намера да интервенира во тековните настани однадвор и да создаде стратешки закани за Русија кои се неприфатливи за нас, тој треба да знае дека нашите одмазднички напади ќе бидат молскавично брзи“, рече Путин, според видеото од неговото обраќање доставено од руски медиуми.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека обидот на Кремљ да „сее поделба“ меѓу државите на ЕУ повторно пропаднл.
„Подготвени сме за ова сценарио“, рече таа, додавајќи дека се поставени планови за вонредни ситуации и дека одговорот на ЕУ ќе биде „веднаш, обединет и координиран“.
МААЕ бара пристап
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси изјави дека прашањето за безбедносните нивоа на украинската нуклеарна централа Запорожје се на „црвено светло“ и побара пристап од Русија под чија опсадата е нуклеарката. Гроси посочи и дека централата има потреба од поправки и дека моменталната состојба е неодржлива.
„Значи, ова е горлив проблем. Ова е црвено светло“, посочи тој.
Завчера Гроси за прашањето разговарал и со претседателот на Украина Володимир Зеленски.