Во Украина покрената истрага за убиство на белоруски активист

Виталиј Шишов

Белоруски активист, кој беше пријавен за исчезнат, е пронајден мртов во Киев, соопшти денеска украинската полиција. До ова дојде ден откако ЕУ и САД остро го критикуваа обидот на Минск да ја принуди белоруската спринтерка Кристина Циманускаја да се врати од Олимпијадата.

Виталиј Шишов, кој ја водеше непрофитната организација Белоруски дом во Украина со седиште во Киев, која им помага на Белорусите да избегаат од прогон, беше пријавен како исчезнат, откако не се вратил дома откако излегол да трча. Полицијата покрена кривично дело за сомневање за убиство, но соопшти дека ќе ги испита сите можности, вклучително и самоубиство.

„Белорускиот државјанин Виталиј Шишов, кој исчезна вчера во Киев, денеска е пронајден обесен во еден од парковите во Киев, недалеку од местото на живеење“, се вели во соопштението. Центарот за заштита на човековите права Весна објави дека пријателите на исчезнатиот активист изјавиле дека тој претходно бил следен од „непознати лица“.

Полициски рации во 12 невладини организации во Белорусија

Јуриј Шчучко, активистот и колега на Шишов кој беше дел од екипата која го пронајде неговото тело во паркот изјави дека на лицето на Шишов имало знаци оти бил тепан и посочи дека за тоа можеби се одговорни службеници за безбедност на Лукашенко, за кои се знае дека дејствуваат во Украина.

Видете и ова: Белоруски активист пронајден мртов во Киев

„Тоа е вообичаена шема на КГБ. Човекот беше обесен со траги од тепање по лицето. Ништо не недостасува“, изјави видно вознемирен Шчучко. Тој додаде дека членовите на здружението биле предупредени од украинските власти за „луѓе од белоруските сили за специјални операции и други единици кои доаѓаат во Украина за физички да ги ликвидираат“.

Белоруската опозициска лидерка Свјатлана Циханускаја изрази итна загриженост дека Белорусите во странство се под закана од белоруските безбедносни сили на Лукашенко.

Шишов е по потекло од југоисточниот белоруски град Речица и се преселил во Украина по жестоко оспорените претседателски избори во Белорусија во август 2020 година, на кои Лукашенко прогласи победа, што доведе до масовни улични протести. Многумина избегаа од Белорусија од репресија, главно во Украина, Полска и Литванија.

Шишов исчезна истиот ден кога на белоруската атлетичарка Кристина Циманускаја ѝ беше доделена хуманитарна виза за Полска. Таа побара азил по обвинувањата дека претставници на Белорускиот олимписки комитет се обиделе насилно да ја вратат дома од Олимпијадата во Токио.

Белорусија забрани опозициска телевизија означувајќи ја како екстремистичка

Тоа наиде на осуда кај ЕУ и САД. „Обидот за враќање на Кристина Циманускаја против своја волја е уште еден пример за бруталноста на репресијата на режимот на Александар Лукашенко што ги погодува сите категории на белоруското општество, вклучително и спортистите“, изјави Набила Масрали, портпаролка на високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел. Таа ја изрази „целосната солидарност“ на Брисел со Циманускаја и го пофали „фактот што Полска и дала хуманитарна виза“.

Видете и ова: Белоруската олимпијка доби хуманитарна виза за влез во Полска

„Можам да потврдам дека ѝ издадовме хуманитарна виза. Ќе ѝ ја пружиме целата неопходна поддршка во Полска, ако таа сака да ја искористи“, рече полскиот заменик -министер за надворешни работи, Павел Јаблонски. Полските власти соопштија дека таа ќе има право да бара статус на бегалец во Полска.

Повеќе извештаи велат дека сопругот на Циманускаја, Арсен Жданевич, отпатувал од Белорусија за Украина. Циманускаја изрази стравување дека може да се соочи со апсење во својата татковина поради критиките што ги објави на социјалните мрежи за одлуката на нејзините тренери таа да се натпреварува на трка за која не била подготвена.

Тешката ситуација на спринтерката, која излезе на виделина откако побара помош за да избегне бесправно враќање дома од белоруските претставници аеродромот Ханеда во Токио на 1 август, доведе до понуди за помош од Полска, Франција, Чешка и Словенија.

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) исто така биле вклучени во напорите да помогне во решавањето на ситуацијата на Циманускаја.

Амбасадорката на САД во Белорусија, Џули Фишер пак, оцени: „Благодарение на брзата акција на јапонските и полските власти, Циманускаја е во состојба да ги избегне обидите на режимот на Лукашенко да ја дискредитира и понижи оваа спортистка од Токио 2020, за изразување на своите ставови“.

Бајден се сретна со белоруската опозициска лидерка Циханускаја

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пак, оцени дека владата на Лукашенко извршила „уште еден чин на транснационална репресија“, обидувајќи се да ја натера Циманускаја да си замине „само затоа што слободно зборувала“. „Ваквите акции кои го нарушуваат олимпискиот дух се навреда на основните права и не можат да се толерираат“. - порача Блинкен на Твитер.

Видете и ова: Белорусија: кривично дело е и кога носите погрешни чорапи или танцувате

Лукашенко одамна го смета спортот за ефективен форум за борба против негативните вести за децениски нарушувања на човековите права и политичка репресија во Белорусија. Лукашенко беше шеф на Белорускиот национален олимписки комитет. Тој неодамна му го предаде своето раководство на неговиот најстар син Виктар, во потег што не беше признат од МОК.

Александар Опеикин, портпарол на БССФ, кој ги поддржува опозициските спортисти, изјави дека стравувањата на Циманускаја се зголемени со емитување кампања против неа „пропагандните ТВ канали“.

Циманускаја требаше да настапи на трката на 200 метри за жени на 2 август. Но, таа рече дека нејзиниот тренерски штаб ѝ наредил да ги спакува куферите и оти била однесена на аеродром.

Циманускаја на социјалните мрежи тврдеше дека белоруски официјални лица ја пријавиле на штафетната трка 4х400 метри за жени на 29 јули, кратко време, откако беше утврдено дека некои атлетичари немаат право да се натпреваруваат.

Белорускиот олимписки комитет соопшти дека Циманускаја се повлекува од игрите по совет на лекарите загрижени за нејзината „емоционална и психолошка состојба“.

Еурорадио и групата Ник и Мајк на Јутјуб, која ги следи човековите права во Белорусија, на 1 август објавија аудио снимка за која велат дека е снимена кога двајца белоруски спортски претставници разговарале со Циманускаја.

Белоруската опозиција отвора канцеларија во Прага

Двата машки гласови на снимката ѝ кажуваат на Циманускаја дека нејзината одлука да го покрене прашањето на социјалните мрежи била „глупава“, бидејќи „луѓето може да ја загубат работата“ како резултат на тоа. Тие ѝ велат дека треба да се врати во Белорусија.

Едно од лицата во снимката е главниот тренер на белоруската атлетска репрезентација Јуриј Маисевич.

„Само оди си дома. Не пишувај ништо никаде. Не давај коментари“, вели еден од мажите. „Ако сакате да продолжите да настапувате во име на Република Белорусија, само слушајте што ви препорачуваат. Одете дома кај вашите родители, или на друго место. Оставете ја оваа ситуација. Тоа е како кога мува ќе се најде во пајажина: Колку повеќе се врти, толку повеќе се заплеткува“.

Видете и ова: Путин вети дека ќе продолжи со поддршката за Белорусија

Другиот машки глас во аудиото ѝ сугерира на Циманускаја да не му кажува ништо на нејзиниот сопруг. Циманускаја за РСЕ потврди дека тоа е нејзиниот глас во аудиото.

МОК во март објави дека одбива да го признае раководството на Виктар Лукашенко во белорускиот национален комитет бидејќи не успева да обезбеди „подобра заштита на правата на спортистите од каква било дискриминација или непотребен притисок“.

Лукашенко доби забрана за Олимпијадата во Токио од страна на МОК, која ги истражува поплаките на спортистите дека се соочиле со одмазда и заплашување поради протестите против неговиот спорен реизбор.