Белорусија се најде во хаос од минатиот август кога спорните претседателски избори му го дадоа шестиот мандат на Александар Лукашенко, кој управува со земјата од 1994 година.
Изборите предизвикаа невиден бран протести кои беа пречекани со полициска реакција која беше брутална дури и за авторитарната Белорусија. Повеќе од 30.000 Белоруси поминаа низ притвор. Бројот на политички затвореници надмина 540 и вклучува над дваесетина новинари.
Обид да се затвори водечката новинарска асоцијација во Белорусија
Секоја форма на протест може да доведе до парична казна, па дури и затвор во Белорусија, како и секој приказ на црвена и бела боја, боите поврзани со демократската опозиција и знамето на првата краткотрајна белоруска демократска република од 1918 година. Еве некои од најекстремните случаи.
Погрешна боја на чорапите
Една жена што одела на час за возење беше запрена од полицијата во Минск во март. На Нација Сивцова-Сијадушкина и беше кажано дека нејзината облека е несоодветна. Проблемот? Нејзините чорапи беа бели со црвена лента, истата шема како и историското знаме на Белорусија. Таа исто така носеше црвени патики, кои очигледно биле инкриминирачки.
Полицијата исто така ја обвини дека трепкала во знакот за победа V на возачите што возеле од спротивната страна на улицата. Сивцова-Сиадушкина беше гонета според законите за забрана за неовластен протест и ѝ беше наредено да плати 2.320 белоруски рубли или 900 долари. Судијата истакна дека нејзините навредливи чорапи и патики биле многу видливи, бидејќи во тоа време носела кратки фармерки.
Тоа не беше единствената пресметка на Сивцова-Сијадушкина со властите. Еден ден пред да биде запрена поради нејзините чорапи, полицијата се појави во нејзиниот стан во главниот град. Тие го турнале црвено-белиот транспарент на нејзиниот балкон. Подоцна беше обвинета за „незаконско демонстрирање“ со парична казна 790 долари.
„Сега должам 4.350 рубли“, изјави Свицова-Сијадушкина за РСЕ, додавајќи: „немам толку пари да ги платам казните, иако работам“.
Свицова-Сиадушкина не е изолиран случај. Во западниот град Хродна, Љуба Сарлаи помина еден ден зад решетки и беше казнета за носење црвено-бели панталони. Таа беше приведена од полицијата во јануари додека одела до нејзиниот автомобил.
Други „злосторства во боја“
Андреј Дражин, од градот Иванава, беше казнет во март затоа што постави пред својата куќа знак кој беше обоен бело со црвена лента. Полицијата сметаше дека ова е форма на нелегално демонстрирање.
Путин вети дека ќе продолжи со поддршката за Белорусија
Бело-црвеното знаме не е официјално забрането во Белорусија, но, ова не го спречи судијата да го казни Дражин со еквивалент на 450 американски долари.
Дури и букет цвеќе може да биде под лупа на надлежните органи. Алена Винокурова од Наваполацк беше казнета со 350 долари за букет комбиниран од црвени и бели цвеќиња кога одела на роденденската забава на нејзината ќерка.
Кутиите исто така можат да предизвикаат сомневања во денешна Белорусија. Андреј Пархоменка беше уапсен во април за изложување на црвено-бел транспарент од балконот на неговиот стан во Минск.
Пархоменка го негираше тоа, објаснувајќи дека транспарентот е всушност кутија - иако црвена и бела - од телевизијата што тој не ја отстранил бидејќи штотуку се преселил во станот.
Пархоменка беше затворен 14 дена, минувајќи дел од тоа време во притворскиот центар Акристина во Минск, што е синоним за тортура. Тој за Вјасна, водечка белоруска невладина организација, која неодамна беше цел на владата на Лукашенко, изјави дека се заразил со ковид-19 додека бил во затвор.
Нема стан за режимски обвинител
Волха Сињалвова е сопственичка на стан во Минск кој ѝ го изнајмила на Алина Касјанчик, обвинителка која била позната по нејзината улога во политички случаи, вклучувајќи го и судењето од висок профил на Катсиарина Андреева и Дарија Чулцова.
Станува збор за две новинарки во „Белсат“, сателитска телевизиска станица со седиште во Полска, насочена кон Белорусија. Тие беа осудени во февруари на две години затвор за известување во живо од митингот во Минск во ноември, во случајот што предизвика осуда кај Западот.
Сињалвова ѝ предложила на Касјанчик да се исели, потег на кој обвинителката се согласила. Но, белоруските власти ја обвинија Сињалвова за кршење на правата на Касјанчик поради нејзината работа.
https://www.slobodnaevropa.mk/a/31336268.html
Судењето на Сињалвова, мајка на две мали деца, се одвиваше зад затворени врати, а на нејзиниот адвокат му беше одземена лиценцата. На 30 јуни судијката Анжела Кастјуукевич ја осуди Сињалвова на две години ограничена слобода.
Грешно танцување?
Во едно од најголемите кривични судења во Белорусија беа вклучени десетици луѓе кои беа приведени за пеење песни и танцување на улиците во Брест во септември. Безбедносните сили го прекинаа собирот и приведоа многумина.
Властите на Лукашенко подоцна ги обвинија за „загрозување“ на „безбедноста на сообраќајот на патиштата“. Вкупно, повеќе од 70 лица се вклучени во случајот. Неколку десетици обвинети се веќе осудени, добивајќи од една година ограничена слобода до две години затвор.
„Владеењето на правото, кое е и онака слабо во авторитарната Белорусија, е целосно разбиено“, објаснува Сијархи Устинау од Правна иницијатива, белоруска невладина организација што им помага на луѓето да покренат случаи до Европскиот суд за човекови права.
„Ако сте политички затвореник, нема да постигнете ништо, ниту на суд ниту со жалба до обвинителството. Но, и за обично туркање на полицаец, на луѓето им се дава пет до шест години затвор“, додава тој.
Од претседателските избори, белорускиот судски систем не донесе ослободителна пресуда за ниту еден од илјадниците случаи. И ниту еден член на безбедносниот апарат на земјата не се соочи со кривични пријави за дејствија преземени за време на бруталната - понекогаш трагична - акција.