Украина и Русија и исток и запад - вие коментирате

Илустрација

Коментарите на социјалните мрежи ја покажуваат поделноста на македонската публика во подршката и осудата за Русија и Украина.

Многу коментари на нашата ФБ страница, разбирливо, по руската инвазија врз Украина, некои со поддршка за таа независна земја, некои со поддршка за Русија. Што ќе рече, нашите посетители што ја следат РСЕ – поделени, како и обично кога станува збор за политика.

Нашево Радио ја пренесува информацијата на БиБиСи дека во текот на ноќта во Киев и во други градови се регистрирани експлозии.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Руските сили на улиците низ Харков

Весна Ѓоргиева напишала: „Киев денеска ќе биде заземен. Всушност тие самите ќе се предадат. И тоа до вечер“, и постирала неколку детелинки со четири лисја. Блажо Хогар Страшниот ја прашува: „А имаш ли информација и колку луѓе ќе умрат и колку деца ќе останат сирачиња, па и на таа бројка да ставиш детелинки и да прославиш?“

„За прв пат досега, ЕУ ќе финансира купување и испорака на оружје и друга опрема во земја која е нападната“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, а Спаско Прнковски постирал: „Ова е финансирање за смрт, за жал“. Весна Давиткова вели:

„Срамота за ЕУ, поддржуваат војна“, а Зоран Горгиев ,исто така, со негативен коментар: „На грбот на Украина ги бранат своите интереси“

Кире Велјановски ја поддржува одлуката на ЕУ за затворање на воздушниот простор над Европа за руски авиони: „Тоа е тоа, уште појако треба“, за разлика од Наташа Силјаноска која смета: „Се знае дека цела поента е да се уништи Русија“.

САД и НАТО реагираа по наредбата на Путин за висока готовност од „нуклеарно одвраќање“ дека „Во ниту еден момент Русија не беше под закана од НАТО, дали Русија беше под закана од Украина? Сето ова е шема од претседателот Путин и ние ќе се противставиме на тоа“, изјави прес секретарот на Белата куќа, Џен Псаки. Зоран Димитриовски постирал: „Лошо е, при нуклеарна војна гинат и богати“, а Томислав Крстиќ напишал: „Ако го исцениравте Путиновото влегување во Украина, не наседна на она што сакате“. Аце Костески со спротивно мислење: „Нема граница на срамот на големиот Путин, кога големата слава ти паѓа вртоглаво. Што ли уште ќе измисли!“ За Тони Пешевски пак напишал - зошто ти служи тоа оружје ако дозволиш да те окупираат како Ирак, Авганистан...“, превидувајќи дека Авганистан најпрвин беше окупиран од Русија. Јана Митевска му одговара: „Па и ти ќе настрадаш од неговото оружје. Што се силите... Ко Русија да не беше умешана у сите војни. Демек оваа прва ѝ е...“ Бесник Шасивари им се обраќа на некои од оние што го поддржуваат потегот на претседателот Путин: „Сите вие што поддржувате војна и сте за Путин сте бедни и јадни кукавици и фраери... кога би ви дошол рат тука ќе бегате ко кучки...“

Протести за поддршка на Украина во светот


РСЕ информира и за антивоените демонстрации во рускиот град Екатеринбург, каде што имало и приведување на демонстранти од полицијата. Коментарите и овде се различни. Елена Данев смета дека тие што демонстрираат против руската инвазија се за „амерички пензии“, а Арбен Бени Шакири ѝ одговара: „Има и полоши, ти за хамбургер цел ден те држи на улица ВМРО“. А Даниела Ѓоргиевски Бела Дизајн како да не ги слушнала изјавите дека демонстрантите се срамат што се Руси. „Тоа е сценарио и пропаганда, веќе се навикнавме...“

Има многу коментари и по одлуката на нашата Влада да го забрани прелетот на руски авиони над земјава, речиси сите се против НАТО и таа одлука.