Русија и Украина изразија можност за компромис пред денешното продолжение на мировните преговори. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека разговорите стануваат „пореални“, додека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека има „извесна надеж за компромис“.
Лавров порача дека Москва ќе ги притисне своите барања Украина да се откаже од кандидатурата за влез во НАТО, да усвои неутрален статус и да се „демилитаризира“. Тој посочи дека мировните преговори со Украина не се лесни, но додаде дека постои надеж за компромис.
Видете и ова: Сестра на загинат руски војник: Никој не знаеше дека ќе оди во Украина„Се водам од оценките дадени од нашите преговарачи. Тие велат дека преговорите не се лесни од очигледни причини. Но, сепак, постои некаква надеж за постигнување компромис“, рече Лавров.
Зеленски посочи дека сè уште има некоја причина да се биде оптимист и дека преговорите може да доведат до договор. Барањата на Русија стануваат „пореални“, рече тој по состанокот на делегациите на 15 март преку видео-конференција.
„Сè уште се потребни напори, потребно е трпение“. Секоја војна завршува со договор“, рече Зеленски.
Членот на украинската делегација Михајло Подољак, кој е советник на претседателот Зеленски по вчерашните преговори рече дека има „суштински противречности“ за окончување на рускиот воен напад врз Украина, но оти компромис е можен.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Зеленски денеска се очекува да упати итен апел до Конгресот на САД за поголема помош во спречувањето на руската инвазија врз неговата земја. Виртуелното обраќање на Зеленски до членовите на Претставничкиот дом и Сенатот доаѓа еден ден откако тој упати молба до канадскиот парламент за повеќе западни санкции кон Русија и воведување зона на забранети летови над Украина.
Зоната на забранети летови е чекор на кој американскиот претседател Џо Бајден и сојузниците во НАТО се спротивставија поради страв од ескалација на војната. Бајден во вторникот потпиша закон за итна помош од 13,6 милијарди долари за Украина со цел да и помогне на земјата да добие повеќе оружје и хуманитарна помош.
НАТО со дополнителна помош
САД и други членки на НАТО денеска соопштија дека ќе продолжат да и помагаат на Украина во борбата против руската инвазија, истовремено прилагодувајќи ја сопствената безбедност на „новата реалност“ предизвикана од војната.
„Остануваме обединети во нашата поддршка за Украина. Ја поддржуваме нивната способност да се бранат и ќе продолжиме да ги поддржуваме“, рече американскиот секретар за одбрана Лојд Остин при пристигнувањето на итниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.
Земјите на НАТО ќе продолжат да испорачуваат оружје на Украина дури и кога тие испораки би можеле да станат цел на руски напади, изјави холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен, додавајќи: „Украина има право да се брани“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Зеленски вчера им рече на европските лидери собрани во Лондон дека сфаќа дека НАТО нема намера да ја прифати Украина.
„Ние многу години слушаме за отворените врати, но слушнавме и дека не можеме да влеземе во тие врати. Ова е вистината и ние едноставно треба да ја прифатиме таква каква што е“, рече тој.
Зеленски претходно изјави дека сфаќа дека НАТО нема да и понуди членство на Украина и дека може да размисли за неутрален статус за неговата земја, но му требаат силни безбедносни гаранции и од Западот и од Русија.
Засилени напади врз Киев
Во меѓувреме Русија во текот на ноќта го засили бомбардирањето на украинскиот главен град Киев и започна нови напади врз пристанишниот град Мариупол. Руските сили ги интензивираа нападите врз предградијата на Киев, особено оние на северозапад и запад, рече денеска шефот на киевскиот регион, Олексеј Кулеба.
Видете и ова: Инфлација и намален раст на БДП: Економско влијание од војната во Украина„Тие се обидуваат да го отсечат главниот град од транспортните артерии и да ги уништат логистичките способности бидејќи планираат поширока напад за заземање на Киев“, рече Кулеба.
Тој додаде дека Русија го окупирала градот Иванкив, 80 километри северно од Киев, и го контролира околниот регион на границата со Белорусија. Битки се водат и други градови, вклучувајќи ги Хархив и Миколаев.
Руската инвазија врз Украина започна на 24 февруари.