Уа за „брзата мода“!
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Модели облечени во креации направени од различни видови отпад парадираа во Тел Авив, Израел, како дел од настанот организиран од здружението на уметници „Креативна промена“, за да ја подигнат свеста за влијанието на отпадот врз животната средина. Модната револуција е движење за моден активизам кое има за цел да ги мобилизира граѓаните, индустриите и креаторите на политики преку истражување, едукација и застапување. Организацијата е основана по катастрофата во Рана Плаза во Дака, Бангладеш во 2013 година, во која загинаа повеќе од илјада работници во фабрика за облека.