Наводното предизборно ветување за вработување на 300 пилоти од Арачиново три дена предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Некој е сериозен, па брои колку пилоти има во Македонија вкупно, други само се потсмеваат и прашуваат колку морнари ќе се вработат во Македонски Брод.
Премиерот излезе со објаснување дека ветил пилот проекти за вработување, а не вработување на пилоти. За оние што се склони да му веруваат, објаснувањето е доволно уверливо, оние што и онака не му веруваат потсетуваат дека во Македонија има Агенција за нуклеарни технологии, а во бомбите имавме можност да чуеме како се вработувале луѓе од штаб кои наводно требало да работат нуклеарни истражувања.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Приказната потекна од емисијата Клик плус на ТВ21, каде што жители на Арачиново се пожалија дека СДСМ ги лажеле дека ќе вработат 300 пилоти од нивното село. СДСМ демантира и праша кои се мотивите на телевизијата „лице со сомнителна поздина и кредибилитет да изнесува „класична лажна вест“. Дел од медиумите, пак, објавија фотографии на кои се гледа дека човекот што ги изнесе обвинувањата е активист на СДСМ, а премиерот Зоран Заев рече дека ветиле пилот-проекти, а не вработување на пилоти.
На изјавата на Заев реагираа поранешната министерка за култура Ганка Самоиловска Цветанова и аналитичарот Арсим Зеколи.
На Твитер реагираше пратеникот Мухамед Зекири од СДСМ.
Нему му одговори новинарката Јорданка Ивановска – Јоци.
На Фејсбук и на Твитер има илјадници коментари и досетки за наводните пилоти од Арачиново.
Сепак, се чини дека најинтересни се фотомонтажите и мемињата.