Кога во декември Србија ги стави силите во највисока борбена готовност како одговор на инцидентите во Косово меѓу полицијата и малцинските српски демонстранти, акционер во најновиот трговски центар во Приштина почна да добива повици од вознемирени инвеститори.
Видете и ова: Србија со зголемена борбената готовност, косовските Срби со нови барикади„Меѓународните компании кои требаше да пристигнат за прв пат на Косово ни рекоа дека го одложуваат отворањето на продавниците поради нестабилната ситуација. Ова за нив значеше дека Косово е опасен регион“, изјави акционерот Фатмир Зимбери за Ројтерс.
Тој рече дека во екот на декемвриските тензии, странска комерцијална банка на неодредено време го одложила клучниот заем од 40 милиони евра за центарот.
„Им велам на косовските политичари сериозно да се позанимаваат и да најдат решение за овој проблем. Не можеме вечно да живееме со него. Минимумот што би можеле да го направат е да избегнат да го користат зборот „војна“, вели тој.
Интензивната западна дипломатија го запре враќањето назад во вооружен конфликт во пресрет на 15-годишнината од независноста на Косово.
Во 2013 година, по неколкугодишни преговори со посредство на ЕУ за смирување на тензиите, Србите од северно Косово се вработија во косовската полиција, судството и локалната администрација управувана од Приштина.
Но, пред три месеци тие ги напуштија сите државни органи во знак на протест поради мерките на Приштина за српските регистрации на возила.
Иако спорот околу тоа стивна, „има многу вооружени луѓе наоколу и напнатоста е голема“, вели Марко Прелец, аналитичар на бриселската Меѓународна кризна група.
„Повеќе сум загрижен отколку што бев во претходните години за ризикот од конфликт во северно Косово, кој потоа може да се прелее во одмазднички напади врз Србите во јужно Косово“, вели тој.
Видете и ова: Зошто повторно се разгоруваат етничките тензии во северно КосовоГлавната, долгогодишна основа за тензии е одбивањето на 50 илјади етнички Срби во северно Косово да ја признаат владата во Приштина или Косово како посебна држава. Тие го сметаат Белград за свој главен град, а уставот на Србија сè уште го третира Косово како составен дел од нејзината територија.
Областа на северно Косово каде што етничките Срби сочинуваат мнозинство изгледа во некои аспекти како продолжение на Србија.
Наставниците, лекарите и јавните службеници во регионот ги добиваат своите плати и бенефиции од Белград. Жителите на општините со мнозинско српско население не плаќаат даноци ниту на Белград, ниту на Приштина, ниту плаќаат за струјата обезбедена од државното претпријатие на Косово.
Српските знамиња се веат на улиците, а во продавниците се користи српскиот динар наместо еврото што се користи во Косово.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Други 50 илјади Срби живеат во областите со мнозинско албанско население јужно од северниот град Митровица. Возат автомобили со косовски регистарски таблички, плаќаат косовски даноци и сметки за струја и ја признаваат независната држава.
62-годишниот Славољуб Ѓуриќ, кој одгледува свињи и пилешко на својата семејна фарма, дел од 250-те српски домаќинства во западното село Осојане, вели дека косовските и српските водачи треба да бараат компромис.
„Не сакам да се преселам, сакам да останам овде и да живеам овде ако ни е обезбедена безбедноста. Направете нешто народот да живее. Војната овде никому не донесе ништо добро“, вели Ѓуриќ.
Петнаесет години од независноста на Косово, голем број земји-членки на ОН - вклучително и неколку во ЕУ не ја признаваат неговата државност. Србија и Русија продолжуваат да ја блокираат Приштина да се приклучи кон меѓународните организации.
Степенот на правна несигурност и нестабилност надвисна над Косово и одврати многу инвеститори. Косово е меѓу најсиромашните земји во Европа, со една третина невработени од вкупната работна сила.