Локалните Срби од 10 декември ги блокираат патиштата на север поради апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ.
Главните сообраќајни патишта на север, кои локалното население ги користи за снабдување и движење, се блокирани со тешка механизација, а поради влошување на безбедносната состојба косовската полиција затвори два гранични премини во тој регион - Јариње и Брњак.
Брнабиќ: ситуацијата на Косово на работ на конфликт
„Се е затворено. Во продавниците има се помалку храна. Од друга страна, нема пари на сметките во српските банки, нема пари во банкоматите неколку дена. Парите не стигнуваат, бидејќи не е дозволено да пристигнуваат преку алтернативни рути и е забрането да се оди преку граничните премини. Сето тоа го отежнува животот“, вели тој.
Слична ситуација опишува и Верољуб Петрониќ од невладината организација Хуман центар Митровица, која се занимава со безбедносни прашања.
Видете и ова: Курти- нема уште долго да се толерираат блокадите на северот на КосовоТој посочува дека стравот е најлошото нешто со кое се соочуваат жителите на северот бидејќи „ситуацијата може да ескалира во вооружени конфликти“.
„Постојат неколку видови на страв. Првиот е стравот за безбедноста, вториот е стравот за здравјето, бидејќи лековите полека почнува да ги снемува. Аптеките понекогаш се отворени, а понекогаш не, продавниците понекогаш отворени, а понекогаш не. Се уште има храна, но евидентно е намалувањето на количината, а и станува се поскапа. Некои трговци ги затвораат и продавниците, локалите се затворени, некои од страв, а некои по нарачка“, вели Петрониќ.
Дали граѓаните се уцените за да излезат на барикадите?
Александар Јаблановиќ, лидер на Партијата на косовските Срби, заклучува дека моменталната состојба на северот настанала како резултат на барикадите, поради кои жителите на Северна Митровица, Звечани, Зубин Поток и Лепосавиќ не можат слободно да се движат.
Тој смета и дека за новонастанатата ситуација е одговорна Српската листа, партија која ја има поддршката од Белград. Според него, функционери на таа партија уценуваат луѓе да излезат на барикади.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Српската листа јавно ги поддржа барикадите на север, а функционери од таа партија физички се присутни на местата каде што се блокирани патиштата. Инаку, на барикадите најмногу може да се видат оние кои работат во српските институции на Косово.
„Затоа има групи на Вибер, се јавуваат, притисоци од директори, разни дирекции, треба да дојдете (на барикадите), ако не дојдете треба да се оправдате, ако не дојдете и не се оправдате ќе имате последици и луѓето се плашат затоа што нема правосуден систем што може да ве заштити. Затоа што Српската листа е таква политичка организација каде што законите не важат“, изјави Јаблановиќ за РСЕ.
Петковиќ: Србите во Косово мора да ги почитуваат КФОР и ЕУЛЕКС
Тој додава дека, според информациите со кои располага, некои припадници на српската заедница на Косово одбиваат да излезат на барикадите. Истото го потврдува и Дејан Недељковиќ.
„Колку што слушнав од пријателите кои се горе на барикадите во Зубин Поток, голем број луѓе кои работат во образованието и здравството одбиваат да одат на барикадите, бидејќи генерално веќе никој не ја гледа целта“, вели Недељковиќ.
Според неговата проценка, граѓаните на северот најмногу се плашат дека косовската специјална единица би можела да интервенира во отстранувањето на барикадите, што, како што додава, би довело до ескалација на ситуацијата.
Страв од конфликт
Верољуб Петрониќ, пак, забележува дека за тензиите е виновен наративот што доаѓа од политичарите во Приштина и Белград, како и дезинформациите што доведоа до целосна неизвесност.
„Повеќето Срби сега се плашат од одлуките на Владата на Косово, што ќе направи полицијата, дали КФОР ќе ги заштити и дали ќе има конфликт... Исто така, тие што се на барикадите се плашат дека некој непоканет ќе дојде и ќе ја наруши безбедноста, во смисла да не дојде до жестока престрелка со КФОР или со косовската полицијапо што нема враќање“, вели Петрониќ.
Видете и ова: КФОР ќе го разгледа барањето за распоредување српски сили во северно КосовоМинистерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечља, деновиве на својот Фејсбук профил напиша дека институциите на Република Косово ги имаат сите капацитети да ги отстранат барикадите и оти во координација со меѓународните партнери се проценува ситуацијата за соодветен одговор.
Властите во Србија наведуваат дека Владата на Косово на чело со премиерот Аљбин Курти планира да ги „прогони“ Србите. За ваквите тврдења не беа обезбедени докази, а Владата на Косово категорично ги отфрли.
Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во интервју за РСЕ на 13 декември рече дека барикадите треба да ги отстранат оние што ги поставиле.
Видете и ова: Ескобар за РСЕ: САД категорично го отфрлаат враќањето на српските сили на КосовоОпозицискиот политичар Александар Јаблановиќ не очекува дека ќе има конфликти на барикадите - барем не оние што би ги предизвикала косовската полиција.
„Постои, како што гледам, голема доза на смиреност и сериозност меѓу припадниците на косовската полиција, па за наша среќа нема такви инциденти. Но, она што е важно дека на луѓето кои ги организираат барикади треба да им се стави јасно до знаење денес - за утре да не е доцна - дека ќе одговараат за се што ќе произлезе од тие барикади“, вели Јаблановиќ.
Што му претходеше на кревањето на барикадите
Косовската полиција на 10 декември го уапси поранешниот полицаец Дејан Пантиќ под обвинение за учество во напад врз членови на општинската изборна комисија, кои се обидувале да организираат предвремени избори за градоначалник.
Косово - повици за мир и осуди за инцидентите и барикадите
Тој напад беше окарактеризиран како „тероризам“. Локалните Срби одговорија со подигање барикади.
Во меѓувреме, изборите, кои беа закажани за 18 декември, беа одложени за април 2023 година.
Претходно, на почетокот на ноември, градоначалниците во општините на северот поднесоа оставки за да се спротивстават на одлуките на Владата на Косово за пререгистрација на возилата од српски таблички на косовски.
Тогаш припадниците на српската заедница ја напуштија косовската полиција и судството на север.
Меѓународната заедница, вклучително и ЕУ и САД, бараат решение што ќе ја стабилизира ситуацијата.