Во Македонија голема е бројката на луѓе кои немаат доволно храна, но според граѓанските организации расте и свеста дека храната не треба да се фрла.
Пунктот на Хуманитарната организација Св.Спас во Драчево е само еден од неколкуте кој функционира повеќе од три години, каде околу 220 семејства добиваат продукти од донирана храна.
„За тие семејства обезбедуваме зејтин, сол, шекер, леќа, грав, брашно, палента, конзерви - паштета, месен нарезок, тестини – макарони и шпаѓети, претежно најосновните намирници“, вели Владимир Трпевски – волентер во организацијата Св. Спас.
Храната оваа хуманитарна организација ја добива преку системот „Сите Сити“ во која се вклучени 31 граѓанска организација.
Од граѓанската организација „Ајде Македонија“ е дел од мрежата. Тие ја собираат и ја дистрибуира храната до крајните корисници.
Храната која се конзумира мора да биде безбедна, како донатори може да учествуваат само правни субјекти, додека индивидуалци можат да помагаат како волонтери кои ќе идентификуваат донатори на храна и ќе учествуваат во дистрибуцијата до граѓанските организации.
Блаже Јосифовски од „Ајде Македонија“ вели дека состојбата со високиот број семејства кои се соочуваат со недостаток на храна, треба да се промени преку зголемување на можностите за поврзување со компаниите кои имаат вишоци храна, кои преку хуманитерните организации ќе им бидат овозможени на граѓаните, но додава оти се потребни и посебни политики за превенција на фрлањето храна.
„Во моментов навистина имаме се повоќе комапнии коишто влегуваат и се многу активни во мрежата „Сите Сити. Тоа се надеваме дека ќе продолжи, бидејќи можат директоно да ги видат и почувсвтуваат бенефициите за нив и бенефициите што ги даваат за општеството“, вели Јосифовски.
Донираната храна со поминат рок на траење според постоечката легислатива за безбедност на храна, а граѓанските организации потпишуваат Меморандум за соработка за да се вклучат во системот „Сите Сити“, со кој преземаат одговорност за безбедноста на храната во моментот кога ја примаат.
Проценките на „Ајде Македонија“ се дека околу 460.000 луѓе во Македонија не можат да си ги дозволат сите оброци во текот на денот, а според организацијата земјата истовремено е на 10 место во светот по фрлање на храна.
Податоците покажуваат дека загубите на храна се случуваат најмногу во процесот додека таа стигне до крајниот потрошувач, за разлика од поразвиените земји каде храната се губи кај краните потрошувачи кои купуваат и фрлаат големи количини, велат организациите.
Нов закон за олснето донирање
Во Македонија во тек е подготовка на Закон за донирање на вишоците на хрна, во јок нема да бидат опфатени домаќинствата, туку само правните лица кои ќе можат директно да ја донираат храната до краните корисници, на пример социјално загрозени граѓани или до организации кои потоа ќе ја редистрибуираат храната. Законот според Јосифовски треба да обезбеди услови за развој на оваа област.
„Законот за донирање на вишоците на храна пред се беше потребен за да утврди кои се тие што учествуваат во самиот процес на донирање, каква храна може да се донира, кои се правата и обврските, односно се обидува да даде една рамка на функционирање на сите инволвирани во самиот процес: компаниите, граѓаните и хуманитарните организации“, вели Јосифовски.
Видете и ова: Пожарите во Амазон и борбата за храна
Тој изразува надеж дека конечната верзија на законот нема да биде многу различна од таа на која мрежата „Сите Сити“ работела со институциите во работната група.
„Дополнително овој закон утврдува точно според кој закон ќе се вршат даночните поттикнувања, каква храна може да се донира, односно дава прегледност на самата област. Можеби во иднина ќе има потреба од подобрувања, како што ќе расте оваа овласт, но бидејќи оваа област кај нас се уште е во зачеток, можеби во иднина ќе има потреба од подобрувања“, вели Јосифовски.
Законот се очекува да биде донесен до крајот на годината. За граѓанските организации е важно тој да биде функционален и не да го спречува донирањето на храна.
Официјалните статистички податоци во Македонија велат дека расте бројот на луѓе кои живеат под прагот на сиромаштијата.
Според Државниот завод за статистика, во 2017 година 22.2 отсто од населениоето биле сиромашни, за разлика од 2016 кога бројакта била 21.9 отсто.
Намалувањето на стапката на сиромаштијата беше една од тремите кои беа дискутирани на донаторска конференција на 50 најголеми компании на храна во земјава, која беше одржана неодамна.
Граѓанската организација „Ајде Македонија“ беше организатор на конференцијата, а учествуваа и премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски.
Заев го цитираше податокот на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации ФАО дека во Македонија 30 отсто од храната завршува како отпад.
Тој рече дека тоа „е голема штета“ бидејќи според него проблемот со сромаштијата може да биде намален со намалување на големото количество флрена на храна и дистрибуцијата на вишоците кон граѓаните на кои таа им е потребна.
„Сите Сити“, која ја има целосната поддрша од Владата, овозможува креирање на еден нов систем за помош на оние наши сограѓани кои имаат реална потреба. Овој систем има хумана, солидарна цел и се заснова на поефикасно искористување преку донирање на сите вишоци храна, кои во моментот за жал и се фрлаат“ ,изјави премиерот Зоран Заев.
Тој додаде дека како Влада во овој процес се вклучиле да ги овозможат законските основи и поддршката на изградба на систем „кој ќе го зголеми пристапот на граѓаните до квалитетна храна. Во наредниот период очекуваме да се донесе законот за донирање на вишокот храна“, рече Заев.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска зборуваше за податоците дека во моментов во светот има 800 милиони гладни луѓе, како и тоа дека секое четврто дете е со заостанат развој поради недостаток на храна.
„Во нашата земја имаме 12 тони вишок на храна, со која може да нахраниме 26.000 наши сограѓани и тоа ни кажува дека сите тие коишто денеска на некој начин се во системот на социјална заштита и примаат одреден додаток, ќе може да им го надополниме нивното мени и да добијат соодветен оброк“, рече Царовска.
Царовска и претходно изјави дека на овој начин преку вложување средства и искрена енергија се поттикнуваат позитивни промени во општеството.
На глобално ниво милиони тони фрлена храна
Во Македонија се фрла една третина од храната, но луѓето се безгрижни потрошувачи на глобално ниво, бидејќи фрлаат исто толкав процент од храната што ја произведуваме на Планетата.
Некои против тоа се борат не герилски начин, други пак, користејќи ги погодностите на интеренет ерата.
Гоце Атанасов.
Со качулка на главата и батериска ламба Андреа влегува во дворот на еден берлински супермаркет. Цел на овој 22 годишен магистрант по физика која одби да го даде своето цело име е отпадот полн со тестенини и тропско овошје. И сето тоа во оригинална амбалажа.
„Јас дејствувам против германскиот закон затоа што тука е нелегално да се собираат непродадени предмети во отпад. Тоа е незаконско. Ризикувам парична казна и судење, бидејќи ова се смета за кражба, но мојата совест ми вели дека храната треба да се консумира“.
Работите во отпад остануваат сопственост на оној што ги фрлил додека не бидат собрани во некоја депонија. Андреа додава дека не го прави тоа од финансиски, туку од „политички причини“.
„Јас се борам против системот што се темели врз прекумерна потрошувачка“, вели тој, додавајќи:
„Баба ми секогаш ме учеше дека храната не треба да се фрла и оти сè што е на чинијата треба да се изеде“.
Сепак, како што додава, луѓето повеќе сакаат да ја фрлаат храната отколку да ја даваат бесплатно.
Видете и ова: Забрана за хамбургери - борба против климатските промени
Стотици активисти низ цела Германија, како Андреа, продолжуваат да крадат фрлена храна со надеж дека на таков начин ќе можат да ја принудат индустријата да преземе активности за да го запрат фрлањето храна.
Податоците на владата покажуваат дека годишно во Германија се фрлаат 11 милиони тони храна.
Еколошката организација Светски фонд за природата пак, верува дека станува збор за 18 милиони тони годишно ако се смета и земјоделскиот отпад.
Тања Дрегер де Теран, специјалист за храна во оваа организација вели:
„Едно од повеќегодишните барања на WWF е дека секој мора да придонесува, не само потрошувачот, туку и трговецот, земјоделецот, прехранбената индустрија и оти сите мора да бидат одговорни“.
По долгиот ден на работа, Анекатрин Фајсингер од Берлин е премногу уморна дури да помисли да подготвува вечера дома.
Нешто пред крајот на смената, таа на телефон ги проверува околните ресторани, хотели или пекари за какви било остатоци што се продаваат со попуст на крајот на денот.
Таа е дел од растечкото движење на еколошки свесни луѓе кои користат модерна технологија за да помогнат во намалувањето на отпадот од храна. Целта е да се намалат емисиите на јаглерод диоксид што го уништуваат климатските услови.
Таа смета дека станува збор за „вин-вин“ ситуација, односно добива поевтин оброк, а рестораните заработуваат пари наместо да фрлаат храна.
„Мојата примарна грижа е да се спротивставам на загадувањето на животната средина. Се обидувам тоа го правам на различни начини, а ова е најлесниот начин да направам нешто секој ден“.
Апликацијата е една од бројните услуги што користат технологија за да помогнат во решавањето на проблемот со отпадот од храна. Некои еколошки свесни луѓе имаат изградено мрежни заедници кои споделуваат храна со своите соседи, наместо да ја фрлаат.
Дури и германската влада лансираше телефонска апликација која нуди рецепти од готвачи на славни личности, направени специјално од намирници, кои во спротивно може да бидат отфрлени.
Во февруари годинава канцеларката Ангела Меркел предупреди: „Мораме да бидеме свесни за храната, секој од нас. Статистички, секој германски граѓанин фрла 55 килограми храна секоја година, една третина од тоа овошје и зеленчук“.
Во Германија се потпишува и петиција која веќе има добиено 126.000 потписи, со која се повикува владата да бара од големите синџири нивната непродадена стока да биде дадена за добротворни цели.
Во Македонија, Министерството за труд и социјална политика и Фондот за иновации и технолошки развој им даваат поддршка на мрежата „Сите Сити“ да подготват пробни модели кои подоцна ќе станат дел од програма за системска одржливост за помош на ранливите категории граѓани, беше истакнато на Донаторската конференција.
Мрежата „Сите Сити“ исто така со Министерството за замјоделство, шумарство и водостопанство работи на стратегија за превенција на отпадот и загаубите на хрна.