Достапни линкови

Пожарите во Амазон и борбата за храна


Бразил ја отфрли помошта од Групата седум индустриски најразвиени земји во светот за борба против шумските пожари во Амазон, порачувајќи му на францускиот претседател Емануел Макрон „да си се грижи за неговиот дом и неговите колонии“.

„Ја цениме понудата, но можеби тие средства се попотребни за пошумување на Европа“, изјави Оникс Лоренцони, шеф на кабинетот на претседателот Жаир Болсонаро.

Бразил ја отфрли помошта на Г7 за пожарите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:13 0:00

Претходно и претседателот Болсонаро напиша дека не може да ги прифати „маскираните намери“ на Макрон зад идејата за сојуз на земјите од Г7 за спасување на Амазон, „како да сме колонија или ничија земја“. Од самитот на Г7 во Франција беше ветена помош од 20 милиони долари за справување со пожарите во Амазон.

Во меѓувреме, јагленисаните предели во бразилската држава Пара ги покажуваат големите штети што пожарите ги предизвикуваат во Амазон, додека продолжуваат напорите за нивно гаснење.

Моакир Кордеиро, 55-годишен земјоделец од Алворада да Амазонија вели дека е загрижен за влијанието што пожарите го имаат врз шумата, но и врз неговата работа и неговата здравствена состојба.

„Вистината е дека не се чувствувам добро, затоа што тоа влијае врз мојата работа мојата егзистенција. Ако можев да го изгаснам целиот оган, јас би го сторил тоа“.

Агенцијата за набљудување има регистрирано повеќе од 41,000 пожари во регионот на Амазон годинава.

Половина од нив се само во овој месец. Експертите велат дека повеќето пожари биле подметнати од земјоделци или ранчери кои го расчистуваат нивното земјиште.

Критичарите ја обвинија про-развојната политика на Болсонаро дека ги охрабрува земјоделците и ранчерите да ги зголемат напорите за расчистување на шумата.

Претседателот вети дека ќе го заштити подрачјето и испрати војници и други сили да им помогнат на противпожарните екипи.

Седум држави соопштија дека се подготвуваат да му помогнат на Бразил во борбата против пожарите низ регионот на Амазон и да ги санираат штетите.

Капетан Марио Верготи, портпарол на пожарникарите на Рондонија вели:

„Голем проблем оваа година е бројот на мали места на пожари. Ако беше еден или неколку големи пожари ќе беше полесно да се справувате со нив, но кога имате многу места во исто време е потешко.“

Себастиао Теофило Фило, 68-годишен одгледувач на кафе пак вели:

„Никој не знае кој е или кој не е виновен за пожарите. Ние сакаме само да си го живееме нашиот живот“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG