Овој план - во три фази – ќе се спроведува до 21 април 2023 година. Според него, од 1 ноември ќе им се издаваат предупредувања на сопствениците на автомобили со српски регистарски таблички „со барање да одат во кој било од центрите за регистрација на возила и да ги регистрираат своите возила со таблички на РКС (Република Косово).
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Приштина смета дека регистарските таблички издадени од српските власти се незаконски, но тие се толерираат на северот на Косово до сега.
Предупредување, казнување, па пробни таблички - Курти претстави план за регистарските ознаки
„Ги повикувам сите наши граѓани кои поседуваат возила опремени со диви регистарски таблички ПР, КМ, ПЗ, ГЛ, УР, ПЕ, ДА или ЃА од 10.06.1999 година до 21.04.2022 година, да ги пријават своите возила со регистарски таблички РКС и на тој начин успешно завршување на овој процес кој директно придонесува за јавната безбедност, безбедноста на сообраќајот и враќањето на законитоста во земјата“, наведе Свечља на Фејсбук.
Видете и ова: По 21 ноември, глоба од 150 евра за српските регистарски таблички во КосовоВо истовреме, српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ изјави дека претседателот Александар Вучиќ, како врховен командант, издал наредба српската армија да биде ставена во состојба на готовност за да може да одговори на секоја задача. „Србија е сериозна земја, ја презема одговорноста за сите можни проблеми“, изјави Вучевиќ, додавајќи: „Не се подготвуваме за војна, но не можеме да бидеме целосно неподготвени за се што ќе се случи“.
Во врска со тврдењето дека косовската полиција синоќа го изрече првото предупредување за возила кои не се пререгистрирани од српски регистарски таблички на таблички РКС, Вучевиќ рече дека не може да верува оти земјите од таканаречената Квинта немаат влијание врз косовскиот премиер Албин Курти и администрацијата во Приштина. „Сакаме мир и да продолжиме со дијалогот со Приштина“, рече Вучевиќ.
Што предвидува планот на Владата?
Планот на Владата на Косово беше објавен на 28 октомври, иако претходно имаше одлука дека 31 октомври е краен рок за пререгистрација на автомобилите со српски таблички во РКС.
По предупредувањето, втората фаза од планот за регистарски таблички предвидува глоба од 150 евра за сопствениците на автомобили со вакви таблички, почнувајќи од 21 ноември до 21 јануари.
КФОР нема да толерира нарушување на слободата на движење на Косово
Според одлуката на Владата, подоцна ќе се користат пробни регистарски таблички, а по 21 април автомобилите со овие таблички нема да можат да возат на Косово.
Од МВР за Радио Слободна Европа (РСЕ) изјавија дека сите сопственици на автомобили со српски регистарски таблички до 30 март ќе можат да ги користат поволностите од пререгистрацијата на своите автомобили со таблички РКС.
Што значи ова?
Според сегашните прописи, секој автомобил кој влегува во Косово подлежи на акциза, данок на увоз и данок на додадена вредност.
На пример, ако државјанин на Косово купи автомобил од 7.000 евра, произведен во 2015 година до 2.000 кубни метри, цената што треба да ја плати на царина се зголемува за 2.558 евра.
Видете и ова: Инциденти на северот на Косово во пресрет на крајниот рок за пререгистрација на возилата
Оваа дополнителна цена нема да важи за оние кои ќе пререгистрираат возила со регистарски таблички РКС.
Дополнително, тие ќе бидат ослободени и од плаќање на такси за регистерски таблички, за опрема за регистрација на возила и административни такси во Центарот за регистрација на возила. Сите овие услуги чинат околу 57 евра.
Значи, 2.615 евра помалку за ваков автомобил.
Разочарувањето на САД и ЕУ
Соединетите држави (САД) и Европската унија (ЕУ) изразија разочарување зошто Владата на Косово не ги исполнила барањата на меѓународните партнери.
Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар изјави дека САД заедно со своите европски партнери побарале од Владата на Косово одложување на одлуката за регистарски таблички за десет месеци.
Видете и ова: ЕУ го повика Косово да даде повеќе време за укинување на српските регистарски табличкиАмериканскиот амбасадор во Србија, Волтер Хил изјави деновиве дека „е несфатливо како може да се прави проблем за таблички кога светот се соочува со нуклеарна закана“, алудирајќи на руската агресија во Украина.
Директорот на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, Петар Петковиќ рече дека одлуката на косовскиот премиер Албин Курти да ги пререгистрира автомобилите е „незаконска и насилна“ и дека неговата главна цел е да го „потисне“ постоењето на Србите на Косово.
Тензии поради регистарските таблички
Локалните Срби на северот на Косово поставија барикади на 31 јули и 1 август во знак на незадоволство од одлуката на Владата на Косово да спроведе две одлуки: за автомобилски таблички и за српски документи.
Хил: САД се разочарани и загрижени поради одлуката на Курти за табличките
Одлуката за спроведување на овие две одлуки беше одложена за 1 септември, исто така на барање на меѓународните механизми, а во меѓувреме беше постигнат договор за документите за влез и излез.
Во 2011 година Косово и Србија започнаа преговори за нормализација на односите со посредство на ЕУ. Се очекува преговарачкиот процес да заврши со правно обврзувачки договори.
Иако Косово наведува дека овој договор треба да вклучува и меѓусебно признавање, Србија тоа не го прифаќа, инсистирајќи на „компромисно решение“.