„Ајде, со лесно нека е!“ - вие коментирате

Илустрација

Само Сандокан може да не спаси - гласи еден од коментарите на нашите социјални мрежи на вестите дека Собранието се распушти по што е отворен патот за избори.

Собранието се распушти, патот за одржување на вонредните парламентарни избори на 12 април е отворен.

Оваа вест Иџет Скендери ја коментира со фотографија на стадо овци со текст „Се ближат избори!!“ и со свој коментар: „Ајде овчички, вие сте на потег...“ Кочо Ристевски предвидува: „Вмровците пак ги чека дебакл, а после ќелиите“. Јоце Гоцев, пак, прашува: „И сега што доби ДПСМНЕ (?) што не излезе од Собрание уште пред две години? Или само го чкопеа народот и Македонија...“ – па додава дека „... Само Сандокан може да нè спаси и Путин, од овие овци нема аир, ги смачкаа и народот и државата...“

Видете и ова: Собранието се распушти, отворен патот за избори

Пред распуштањето на Собранието, инаку, беше донесен Законот за Јавно обвинителство, а по гласањето бурно реагираа пратениците од опозицијата поради повтореното гласање. Со негативни реакции се и посетителите на нашата ФБ страница. Билјана Бертин во постот вели: „Што се чудиме, и десет пати ќе се гласа кога се пари во прашање“, а Дејан Китевски наместо коментар објавил видео-клип на кој некоја публика бурно ракоплеска и извикува. На ФБ страницата на РСЕ, Александар Гошев објавил коментар со свое мислење: „Срам невиден... Ако едните работат нечесно, зошто опозицијата не презема соодветни мерки...“ Шопов Тони е краток: „Нека дреме Мицкоски...“

За Јусуф Јашари времето на чекање било долго, три декади. „Поминавме долг пат, сега сме во добра ситуација како држава, по членството во НАТО, реално да ни се отворат вратите за ЕУ, на мајскиот самит во Загреб за отворање на преговорите за членство!“ Еке Боева е многу остра во својот коментар: „За жал, од ова држава не бива, кога нè водат терористи, аболицирани криминалци и неписмени алчни за пари“.

Видете и ова: Одбранбените реформи не завршуваат со пристапувањето во НАТО

За Кадри Муратовски „Собранието стана селски пазар“, а Горан Новко потсетува на едни избори кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ: „Се сеќава ли некој на прегласувањето во Општина Центар? Со луѓе од Пустец, дупли лични карти итн., итн... Има ли разлика од ова гласање?“ Никола С Ангел, пак, како да влева оптимизам: „Ајде, со лесно нека е!“ Откако пратениците ги изгласаа и законите за Советот на јавни обвинители и за одбрана, Енсер Енсар Салифоски со пофалби до лидерот на СДСМ: „Аирлија нека е, Зоран Заев. Никој ништо не ти може. Лав македонски“. Јусуф Јашари со благодарност и искрено признание до сите пратеници „кои гласаа за потребните приоритетни реформски закони со кои се дава голем придонес за стратешките определби на државата...“ Решат Мамутов со кратка порака: „Браво, само напред!“