Жена која од бизнисот доаѓа со релативно успешна аура во јавноста, која како успешен менаџер ќе ги решава проблемите и која ќе го гледа Градот Скопје како свој дом. Со овие зборови ја опишуваше лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски скопската градоначалничка Данела Арсовска за време на изборната кампања.
Една година подоцна Арсовска се жали дека токму партијата која што ја поддржа на минатогодишните локални избори го блокира финансирањето на фудбалскиот клуб Вардар, субвенциите за скопјани и изградба на нови улици со блокирањето на градскиот буџет.
Таа побара денеска да се одржи итна седница на Советот на град Скопје поради блокадата на буџетот со, како што вели Арсовска, нестручните амандмани на ВМРО-ДПМНЕ.
Но како дојде до оваа блокада ?
Кавгата во неформалната коалиција не настана од иделошки причини, туку за тендер вреден 136 милиони евра. Проблемот во јавноста се дозна со разрешувањето директорот на јавно претпријатие Водовод Златко Пирински поради тендерот за изградба на Пречистителна станица.
По ова следеа низа разрешувања и откази на директори кои доаѓаа од редовите на опозициската ВМРО ДПМНЕ, а за кои Арсовска од говорницата во Советот на Град Скопје обвинуваше дека „ги фатила со рачињата во медот“. Ни Мицкоски не беше поштеден, за него Арсовска вели дека „шпицниот градоначалник не може да излезе од тендер матрицата“. Епитетот „шпицен“ произлезе од парламентарните избори на кои лидерот на ВМРО ДПМНЕ сам се нарече шпицен кандидат за премиер без да се стави на изборните листи.
Автобусите на „Слобода превоз“ нема да возат на дел од линиите низ Скопје
Кавгите јавно кулминираа со расправијата околу микрофонот во Советот на Град Скопје.
Мицкоски кусо потврди дека е објавена војна меѓу ВМРО ДПМНЕ и градоначалничката Арсовска, но тој и сопартиците јавно се воздржани околку спорот.
„Бесплатен совет до госпоѓата Данела Арсовска да се задржи на оние принципи на кои што сум ја учел во времето на кампањата и во тој период, да биде дама, да биде госпоѓа, да биде мајка, да биде сопруга, да биде посветена на работата. Ова што сега го гледаме е спротивно на тоа“, изјави тој во едно интервју.
Расправијата околу тендерот на површина исфрли и бројни други „валкани алишта“, кои како товар се влечат зад речиси секоја градска власт - прекумерни и партиски вработувања, сомнителни договори и тендери, бизнис зделки.
Владата најави дека наместо Арсовска ќе ги спроведува законечните проекти
Од друга страна, пак и Владата се закани со одземање на ингеренции на градоначалничката, затоа што била, кочничар на проектите.
Во последното соопштение од градот, Министерствата за локална самоуправа и култура во наредниот период ќе барат заедничко решение за реконструкција на Универзалната сала.
Видете и ова: Тргни-застани, сагата на пет големи скопски проектиВладата пак, соопшти дека реконструкцијата на Универзалната сала и е предадена на Министерството за култура. Сега Владата ја разгледува можноста да го преземе и реализирањето и на останатите големи проекти почнати од Град Скопје.
„Работам со владиниот тим за да се согледаат можностите да преземеме дел од проектите во Град Скопје и да ги направиме заради скопјани, а не заради политика“, рече премиерот Димитар Ковачевски.
Од мостот за „ловење риби“ на булеварот АСНОМ, преку Универзалната сала, па се до изградбата на пречистителната станица за Скопје, скопјани слушаа ветувања и препукувања, ама никако да ја видат реализацијата на големите проекти во нивниот град. Ова се само дел од проектите кои подзаглавија во Градот изминатава година.
Арсовска возврати на заканите од власта, односно на преимиерот Ковачевски.
„ Кој ќе му ги одземе ингеренциите за изградба на , автопатот кон Крива Паланка, кој ќе му ги одземе ингеренциите за неспроведувањето на антикризни мерки кои требаше да ги превенираат ценовните шокови во Македонија?“, праша таа.
Што сработи градоначалничката во првата година од мандатот ?
Додека партиите и Арсовска јавно и со месеци се расправаат за то кој повеќе краде и не работи, скопјани се прашуваат зошто им доцнат автобусите,како и зошто им се потребни 47 минути за да поминат 1,5 километри со автомобил во сообраќајниот шпиц. Раскопани улици со месеци, гужви во сообраќај и нечисти улици е првата слика за градот.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Ветувањето за бесплатен јавен превоз беше еден од клучните адути на Арсовска за време на локалните избори. Една година откако таа стана градоначалничка ова ветување станува уште подалечно, исто како и изградбата на БРТ - брзиот автобуски транспортен систем во Скопје.
БРТ беше проект на Шилегов, а Европската банка за обнова и развој го оцени како добар и одобри кредит од 70 милиони евра, за кој се плаќа казна затоа што не е реализиран.
Арсовска кога дојде на власт исто така рече и дека на скопјани им ветила еко-автобуси, а не автобуско метро. Но, се уште нема ниту нови автобуси.
Возачите на ЈСП на протест, граѓаните не можат да стигнат на работа и на школо
Кога сме кај јавниот превоз, за прв пат од основањето на ЈСП минатиот месец градските автобуси останаа цел ден во гаражите, затоа што вработените си бараа редовна плата.
Не изостанаа ни обвинувањата кога ЈСП стана загубар, во времето на поранешниот градоначалник од СДСМ Петре Шилегов или пак во времето на Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ.
Градоначалничката за пари се скара и со сопствениците на приватните автобуски превозници. „Слобода превоз “ и „Макеспрес “. Тие велат дека немаат пари за гориво, Арсовска пак врати дека им го платила само нејзиниот долг, а другиот дел од парите да си го бараат од двете најголеми македонски партии. Но и ги обвини дека нечисти и нееколошки им биле автобусите. Во меѓувреме, граѓаните доцнат на работа затоа што сега има помалку автобуси кои сообраќаат од Клиничкиот центар до Скопје Север, од Шишево до Автокоманда, од Транспортен центар до Ченто.
Отчет за првата година од мандатот нема
Отчет за првата година од градоначалничкиот мандат, како што бара опозицијата, Арсовска не даде.
Партиските кавги меѓу владеајчката СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ секојдневно се интезивираат со препукувања кој го кочи развојот на градот и проектите предвидени во политичките програми на советниците. Последните јавно објавени податоци покажуваат дека изминатава година се поништени 30-тина тендери во град Скопје.