„Обвинителството не е селективно, има отворено предмет за висок функционер во Владата, за државен секретар во едно од министерствата, потоа за обвинители, судии...“, вели покрај другото јавниот обвинител, Љубомир Јовески, во неделното интервју за РСЕ.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Со три Смешковци, Драги Арабаџиев коментира на нашата ФБ страница: „Ама никако да ги стигне“, а Ѓорѓи Поп Андонов додава: „Да видиш да не веруваш“. И нашиот редовен посетител, Лута Ахмети, со заклучок: „Веќе никој не верува во судство, умираат по затвори сиромашни, богатите седат дома иако се докажа нивна вина. Како да ви верува некој?“ Влатко Ивановски со конкретни примери и прашање му возвраќа на јавниот обвинител: „За овие 5 години дали некој од власта завршил во затвор? Што е со 215 пасоши дадени на белосветски криминалци? Со шверцот на цигари и алкохол во дипломатска пратка за Италија? Со дрогата во полициско возило на црногорска граница? Вие ниту истрага не поведовте“.
Видете и ова: Опозицијата бара документи на увид, а Османи тврди дека не се преговара за јазикот и идентитетотОдносите Македонија - Бугарија секогаш се предизвик за коментирање на социјалните мрежи. МНР на Бугарија со соопштение реагираше за приемот на претставници на здружението на Македонците во Бугарија, ОМО Илинден Пирин кај претседателот на државата, Стево Пендаровски. Од Кабинетот на претседателот реакција со неговиот став: „Ниту една постапка не е во спротивност со Договорот за пријателство вклучувајќи ја и средбата со здруженија на граѓани на Република Бугарија“.
Вашите реакции се различни. Сребран Стоичов смета дека реакцијата на бугарското МНР е „безобразна и правдањето е непотребно“. „Зарем некој смета дека Претседателот на РСМ требало да ја одбие бараната средба или да бара согласност и инструкција за средбата од страна на бугарското МНР?“ – додава Стоичов. Живко Марковски му забележува на Пендаровски: „Зошто ги викаш членовите на ОМО Илинден- граѓани?“, а Николчо Петров со мислење: „Безграничното лицемерие и подмолност на бугарските политичари!“ Гоги Апостолоски напишал: „Требало во фаца да им ги фрли 15-те пресуди (на Судот за човекови права во Стразбур. н.з.) за што сорта луѓе се работи“, а Ѓорѓи Петров го повикува шефот на дипломатија: „Каде си Бујаре Османи, МНР на Бугарија му дели лекции на Претседателот Стево Пендаровски, а ти молчиш...“
За разлика од политичките теми и проблеми, она што ни се случува во сообраќајот, особено во главниот град, како да не ги допира граѓаните. За една недела загинаа три лица на скопските улици, двајца на пешачки премин. На раскрсницата кај Сити Мол, каде што пред некој ден на пешачки премин беше прегазена млада девојка од Радовиш, се одржа протестен собир со мото: „Стоп за сообраќајното насилство“. Навистина зачудува: има само еден ваш коментар, од Драги Арабаџиев: „На сите страни НАСИЛСТВО. Тоа е веќе секојдневица“.