Документот на Стејт департментот ја прикажува новата разузнавачка проценка за тајните глобални напори на Русија да ги поддржи политичарите и партиите кои Москва ги смета за поволни за неа.
Парите биле потрошени за тинк-тенковите поддржани од екстремно десничарските националистички политички партии и за организации кои се користат за насочување пари на преферирани каузи или политичари.
Забранетa во ЕУ, руската „Раша Тудеј“ може да најде дом во Србија?
Американските разузнавачки служби веруваат дека 300 милиони долари се „минимална“ проценка и дека Русија најверојатно префрлила дополнителни средства во случаи што останале неоткриени, изјави официјален претставник на брифинг со новинарите.
„Сметаме дека ова е само врвот на ледениот брег и се ангажираме со сојузниците и партнерите за да собереме повеќе информации за оваа закана“, рече претставникот.
Видете и ова: Џенсен: Во војната со информации, противниците не бираат методиВисокиот владин функционер укажа на наводите за руско влијание на неодамнешните избори во Албанија, Босна и Црна Гора, земји кои историски се под притисок од Москва, наведува новинската агенција АП.
Црногорската политичка коалиција Демократски фронт, која во моментов преговара за формирање нова влада на Црна Гора, и српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, добија тајни суми пари од Русија како дел од напорите на Москва да стекне влијание во странство, изјави претставникот на американската администрација кој не ги откри точните суми доделени за Додик и Демократскиот фронт.
Политичкиот сојуз Демократски фронт денеска ги отфрли наводите од извештаите на американските разузнавачки служби.
„Изгледа нè помешавте со Милан Роќен“, се вели во одговорот на Демократскиот фронт објавен на страницата на Фејсбук упатен, како што велат, до „неименуван функционер на Стејт департментот“.
Милан Роќен е советник на претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.
Заедно со овој коментар ДФ објави и претходно тајно снимен разговор меѓу Роќен и Дерипаска, кој потекнува од времето пред референдумот за обновување на независноста на Црна Гора во 2006 година, а објавен во 2019 година.
Руските компании во државна сопственост директно насочувале тајно финансирање во Централна Америка, Азија, Блискиот Исток и Северна Африка, се вели во проценката во која се додава дека Русија користела готовина, плаќала во криптовалути и испраќала „раскошни“ подароци.
За разлика од објавените напори на странските земји да лобираат за иницијативи што им се допаѓаат, тајното влијание на Русија вклучува употреба на различни организации преку кои се одлеваат пари во избраните политики или политичари, се вели во текстот. Тоа вклучува институти во Европа и државни компании во Централна Америка, Азија, Блискиот Исток и Северна Африка.
Британија праќа воени експерти во БиХ за спротивставување на руско влијание
Информациите следуваат по прегледот на американската разузнавачка заедница на напорите на Русија да влијае врз политиката на другите земји, рече претставникот.
Стејт департментот јавно дава некои информации од прегледот поради очекувањата дека Русија „сè повеќе ќе се потпира врз својот пакет алатки за тајно влијание“ во наредните месеци.
Во извештајот не се наведуваат конкретни руски цели, но се вели дека Русија најверојатно сè повеќе ќе се свртува кон тајно политичко финансирање за да ги поткопа меѓународните санкции поради нејзината војна во Украина.
Видете и ова: НАТО во контакт со С. Македонија и Црна Гора против евентуално руско влијаниеОфицијалниот претставник истакна дека претседателот Џо Бајден неодамна ја продолжил декларацијата за национална вонредна состојба која се однесува на континуираната закана од странско мешање во изборите.
Руската амбасада во Вашингтон не одговори веднаш на барањето на РСЕ за коментар.
Администрацијата на Бајден побара оценка по руската инвазија врз Украина, која поттикна меѓународни санкции во обид да се изолира Москва.
Официјалниот претставник, исто така, одби да каже колку пари се верува дека Русија потрошила во Украина, каде што претседателот Володимир Зеленски и неговите највисоки заменици долго време го обвинуваат рускиот претседател Владимир Путин за мешање во внатрешната политика.
Тој ги отфрли споредбите меѓу активностите на Русија и американското финансирање на медиумски и политички иницијативи. Официјалниот претставник рече дека разликата е во тоа што Путин потрошил огромни суми „во обид да манипулира со демократијата одвнатре“.
Документот е најнов обид на администрацијата на претседателот Џо Бајден да декласифицира разузнавачки информации за руските воени и политички цели откако беа направени проценките, кои на крајот се покажаа точни, дека Русија ќе започне нова војна против Украина.
НАТО развива мерки посебно скроени за БиХ
Многу од највисоките безбедносни функционери на Бајден имаат долгогодишно искуство во спротивставување на Москва и служеа во владата кога рускиот претседател Владимир Путин започна обемни кампањи за влијание врз претседателските избори во САД во 2016 и 2020 година.
Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс го нарече тајното руско финансирање „напад врз суверенитетот“. „Тоа е обид да се намали способноста на луѓето ширум светот да избираат влади за кои веруваат дека најдобро ќе ги претставуваат, ќе ги застапуваат нивните интереси и нивните вредности“, рече Прајс.
Стејт департментот го презеде невообичаениот чекор со објавување на дипломатска телеграма испратена до многу американски амбасади и конзулати во странство, многу од нив во Европа, Африка и Јужна Азија, во која се наведени нејзините грижи.
Според текстот, разузнавачките службеници веруваат дека Русија планирала да префрли уште најмалку неколку стотици милиони долари за финансирање на партиите и функционерите ширум светот кои ја симпатизираат. Во документот не се наведува како се дошло до вкупната бројка од 300 милиони долари.