Во драматичен спектакл на 15 февруари, руската Државна Дума усвои необврзувачка резолуција со која се бара од претседателот Владимир Путин да ги признае деловите на источна Украина кои, како што тврдат сепаратистите, се независни држави.
Во контекст на меѓународните алармни ѕвона за голема концентрација на руски воени сили долж границата со Украина и во окупираниот украински регион Крим, сеништето на признавањето фрли масло на огнот на тензиите во областа.
ЕУ и Франција го осудија повикот за руско признавање на териториите во источна Украина
Пратениците на Думата повикаа на признавање на сепаратистичките групи поддржани од Русија кои контролираат делови од провинциите Доњецк и Луганск во украинскиот регион Донбас, тврдејќи дека тоа ќе помогне да се заштитат стотиците илјади носители на руски пасоши кои живеат таму.
Видете и ова: Думата го усвои барањето до Путин да ги признае Луганск и ДоњецкГоворите потсетија, според познавачите на состојбите, на оние за признавањето од страна на Русија на отцепените грузиски региони Абхазија и Јужна Осетија по петдневната војна меѓу Русија и Грузија во 2008 година.
Сепак, на заедничката прес-конференција во Москва со германскиот канцелар Олаф Шолц истиот ден, Путин навести дека нема да го послуша нивниот повик, барем не веднаш.
Тој го истакна барањето на Москва западните сили да „остварат соодветно влијание врз сегашните власти во Киев“ за да се имплементираат спогодбите од Минск од 2014-15 година, чија цел е да се реши конфликтот, во кој загинаа повеќе од 13.000 луѓе од почетокот во април 2014 година.
Портпаролот на Путин Дмитриј Песков истиот ден ја потврди посветеноста на Москва на процесот во Минск и повика на „што е можно поскоро спроведување на целиот акционен план од Минск“.
Алатка за влијание
„Накратко, Путин сè уште има надеж дека може да го принуди Киев да ги исполни договорите од Минск. Значи, мислам дека е малку веројатно дека тој би ги фрлил со потпишување декрет за признавање, бидејќи тоа би значело крај на договорите од Минск“, вели Серхи Хармаш, украински преговарач во Трилатералната контакт група за Украина, додавајќи:
„Тие едноставно повеќе нема да постојат, а Москва би изгубила не само алатка со која може да влијае врз Украина, туку и алатка со која се надева дека ќе ја води Украина откако ќе успее – како што се надева Кремљ – да го вметне Донбас во украинскиот политички организам со таканаречен „специјален статус“.
Видете и ова: Русија ќе одговори доколку на истокот на Украина бидат убиени руски граѓаниВо толкувањето на Москва, договорите од Минск бараат од Киев да стапи во директни преговори со сепаратистите поддржани од Русија, чекор што Киев одби да го преземе, а двете земји исто така не се согласуваат за редоследот на потезите наведени во спогодбите.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави за РСЕ дека Русија се откажала од своите обврски „во многу поголема мера отколку Украина“.
„Резолуцијата на Думата е дел од низата тактики за притисок, вклучително и воено засилување, ултиматуми претставени на НАТО и Вашингтон, обиди за дестабилизација на Украина, сајбер напади и многу повеќе. Сето ова има за цел да го принуди Киев да ги спроведе договорите од Минск на начин како што ги гледа Руската Федерација“, смета Хармаш.
Јасна кореографија
Константин Скоркин, аналитичар од Московскиот Карнеги центар вели дека руското признавање на тие региони изгледа неверојатно на краток рок, но дека резолуцијата на Думата - јасна кореографија на Кремљ, кој има контрола врз Долниот дом на парламентот каде што лојалната Единствена Русија има двотретинско мнозинство -- останува „тактика на притисок што може да се активира во секој момент“.
Експлозивна ситуација: руското воено трупање кај Украина е „без преседан“
„Најверојатното сценарио сега ќе биде дополнително туркање на договорите од Минск, бидејќи тие се напишани на начин во корист на Москва.
Кремљ нема намера да се откаже од таквата дипломатска алатка која е меѓународно призната, а нејзината главна политика ќе има за цел да го принуди Киев да ги спроведе“, вели Хармаш.
Видете и ова: Додека решава што со Украина, Путин е опкружен со тесен круг „јастреби“Политичкиот аналитичар од Москва Дмитриј Орешкин се согласува дека признавањето на регионите би „ставило крај“ на процесот во Минск, што би било загуба за Кремљ.
Од друга страна, според него, зборувањето за признавање - па дури и за можна анексија на регионите од Русија - може да им служи на целите на Путин со зголемување на притисокот врз украинскиот претседател Володимир Зеленски и потенцијално расцепување на неговото гласачко тело.
„Можете да тргувате на оваа тема прилично долго време“, смета Орешкин.
Хармаш пак, вели дека сѐ додека Путин има надеж оти може да маневрира со процесот Минск во насока по негов избор, признавањето ќе остане апстрактна дискусија.
„Но, ако Путин заклучи дека навистина нема лостови на притисок – ниту воени, ниту преку западните партнери, ниту преку украинската внатрешна политика – дека ништо не функционира, тогаш тој би можел да одлучи дека е невозможно да се принуди Киев да ги спроведе договорите од Минск и затоа може да се откаже од нив“, рече Хармаш.
Под притисок од војна во Киев привид на нормалност
Тој ја опиша резолуцијата на Думата како „политичка тактика“ дизајнирана „да им покаже на Западот и Украина какви би можеле да бидат последиците од неисполнувањето на Минск“.
„Засега тоа едноставно ќе лежи на масата на Путин како тактика за притисок“, заклучува тој.