Најновите фотографии од сателитската компанија Maxar Technologies се чини дека покажуваат зголемена руска воена активност во близина на Украина на 14-16 февруари, вклучително и изградба на понтонски мост во Белорусија и пристигнување на хеликоптери за напад. Руското Министерство за одбрана на 15 февруари соопшти дека некои војници распоредени во близина на Украина се враќаат во нивните постојани бази. Но, американскиот државен секретар Ентони Блинкен следниот ден изјави дека Соединетите држави не виделе „никакво значајно повлекување“ на руските сили од границата со Украина. И на 17 февруари, британскиот министер за одбрана Бен Валас ја обвини Русија дека го прави спротивното од она што го тврди, велејќи: „Видовме зголемување на војниците во последните 48 часа, до 7.000“.
Нови сателитски фотографии покажуваат зголемена руска воена активност кај Украина

1
Руски шатори и артилерија фотографирани на 15 февруари 2022 година, во областа за обука Опук на Крим, кој Русија го анектира од Украина во 2014 година. Maxar Technologies вели дека артилериските единици продолжуваат да тренираат во областа и оти опремата е позиционирана во формација на конвој.

2
Руска воена опрема позиционирана кај езерото Донузлав на Крим на 15 февруари. Според Максар, артилериските единици се распоредени на полињата во близина на гарнизонот, а во близина остануваат и шаторите на војниците. Неколку големи групи на оклопна опрема беа позиционирани во формација на конвој.

3
Единица со големина на баталјон во близина на областа за обука Филативка на Крим на 15 февруари.

4
Оклопни возила на железнички двор во Евпаторија на Крим на 15 февруари.