Руската потрага по вакцина за коронавирусот е под прашање

илустрација - во тек првични клинички тестови за вакцина против коронавирусот

Мерки за ограничување, физичко растојание, маски и редовно миење на рацете, тестирање за коронавирус, потрага на контакти - сите се дел од јавните здравствените стратегии за да се забави ширењето на ковид-19 сè додека не се создаде една или повеќе вакцини за да и се стави крај на кризата. До каде е овој процес?

Итноста на кризата доведе регулаторните тела низ целиот свет - од Управата за храна и лекови на САД (ФДА) до Федералната агенција за здравство и биомедицина во Русија - да ги олабават правилата за да можат брзо да се следат неопходните тестирања на лекот врз човекот.

Многу влади, исто така, сега ги подготвуваат основите за забрзување на производството и дистрибуцијата на вакцини кои се покажуваат како безбедни и ефикасни.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сега има повеќе од 100 можни вакцини кои се истражуваат. Првичните клинички тестови на мали групи луѓе започнаа за скоро десетина од нив.

Европската Унија размислува да даде „зелено светло“ за лекот ремдесивир

Но, експертите предупредуваат дека ќе поминат уште неколку месеци пред да се извршат тестови врз поголеми групи луѓе за да се обезбеди вакцините да бидат ефикасни и безбедни за дистрибуција на стотици милиони луѓе.

Брз напредок во Русија

Некои руски експерти ја доведуваат во прашање временската рамка за вакцина, претставена во минатата недела од рускиот министер за здравство Михаил Мурашко како премногу оптимистичка.

Тој во Државната Дума изјави дека руските научници може да имаат достапна вакцина до крајот на јули.

рускиот министер за здравство Михаил Мурашко

На прашањето на руската телевизија за работата на Новосибирски Вектор, Државниот истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија, Мурашко одговори дека некои руски експерти биле „понапредни и поблиски до финишот“ од другите.

„Вакцината е многу суптилен производ кој ги открива своите квалитети за време на аплицирањето врз пошироката популација, вклучително и во подоцнежните фази. Лекот се следи во текот на месеци и години. Предклиничките испитувања се веќе во тек“, рече Мурашко, додавајќи:

„Оттука, нашето предвидување е дека првите резултати и пошироката примена ќе бидат достапни кон крајот на јули“.

Вакцината за Ковид-19 е неизвесна а веќе предизвикува кавги

Но, според Виталиј Зверев, шеф на лабораторијата за молекуларни технологии во московскиот Институт за истражување на вакцини „Мехников“, временската рамка на Мурашко е нереална.

„Се разбира, можете да создадете прототип вакцина за толку краток временски период“, рече Зверев за “Курент тајм”, мрежата на руски јазик предводена од Радио Слободна Европа во соработка со Гласот на Америка, наведувајќи:

„Но, невозможно е таа правилно да се тестира. Оттука, би било прерано да се каже дека во јули ќе започне масовна вакцинација“.

Виталиј Зверев, шеф на лабораторијата за молекуларни технологии во московскиот Институт за истражување на вакцини

Зверев се надева дека Русија ќе се воздржи од кампања за масовно вакцинирање „сè додека не се докажат безбедноста и ефикасноста“.

„Тоа е затоа што секоја вакцина би се применувала на целосно здрави луѓе и мора да бидеме апсолутно сигурни дека е безбедна“, објасни Зверев.

„Ова не може да се тестира за неколку недели или дури месеци. Некои работи едноставно не можат да се забрзаат“, додава тој.

ЕМЕА: Вакцина за Ковид-19 за една година

Ирина Јакутенко, молекуларен биолог вели дека брзањето и дистрибуирањето на несоодветно тестирана вакцина на милиони Руси ќе биде огромен „скок назад“ за науката.

Таа предупредува дека таквата кампања може да доведе до многу животи во опасност.

Агресивна временска рамка

Ентони Фаучи, директор на американскиот Национален институт за алергија и заразни болести вели дека е можна агресивна временска рамка што би ги победила претходните предвидувања и оти вакцината ковид-19 би можела да биде достапна уште во ноември.

Ентони Фаучи, директор на американскиот Национален институт за алергија и заразни болести

„Имаме добри шанси - ако сите работи се наместат на вистинското место - да имаме вакцина што би можела да биде применлива до крајот на годината“, изјави Фаучи за Си-Ен-Ен на 27 мај.

ФБИ: Кинески хакери се обидуваат да украдат истражување за Ковид-19 вакцина

Тој објасни дека истражувачите се обидуваат да го скратат процесот на развој на вакцините со преземање на „следните чекори пред да се завршат резултатите од претходниот чекор“.

Неколку фармацевтски и биотехнички компании се сметаат за лидери од приватниот сектор кои соработуваат со владите и истражувачките институции во трката да создадат вакцини против коронавирусот.

Универзитетот Оксфорд-АстраЗенека

Светски познатиот центар за вакцинологија на Универзитетот Оксфорд, Институтот Џенер, ја избра АстраЗенека како свој партнер за да помогне во развивањето на вакцината против аденовирус - една од неколкуте таканаречени вакцини против ковид-19.

Ваквите вакцини користат вирус кој генерално е безопасен, но може да предизвика имунолошки одговор.

Истражувачите од универзитетот Оксфорд-АстраЗенека се надеваат дека можат да вклучат протеини на коронавирусот во вакцината против аденовирусот - дозволувајќи им на луѓето да изградат имунитет на ковид-19 без да се заразат со оваа болест.

Вакцината за Ковид-19 мора да биде достапна за сите

Според извештаите за раните клинички испитувања, вакцината може да биде готова до септември.

Но, АстраЗенека сега го минимизира тој временски распоред како премногу оптимистички.

Некои руски експерти ја доведуваат во прашање временската рамка за вакцина

АстраЗенека неодамна објави дека обезбеди нарачки за најмалку 400 милиони дози на својата сè уште непотврдена вакцина, заедно со една милијарда американски долари финансирање од Министерството за здравство и човечки услуги на САД.

Физер

Американската мултинационална фармацевтска корпорација „Физер“ работи на неколку можни вакцини - спроведе први испитувања врз човекот на почетокот на мај и започна клинички испитувања со германската фирма BioNTech во Европа.

Алберт Бурла, претседател и главен извршен директор на Физер, вели дека неговата компанија сега верува оти може да има вакцина до крајот на 2020 година.

„Ако работите одат добро, а sвездите ни се наместат, ќе имаме доволно докази за безбедност и ефикасност, така што можеме да имаме вакцина кон крајот на октомври“, рече Бурла на 28 мај.

Новавакс

Американската фирма за развој на вакцини „Новавакс“ започна со човечки испитувања за својата вакцина NVX-CoV2373 во Австралија. Фирмата имаше неколку охрабрувачки изјави во последните неколку недели, зајакнувајќи ја нејзината цена на акциите на берзите.

Ројтерс објави на 28 мај дека Новавакс купува производствен погон во Индија во обид да може да произведе милијарда дози на идна вакцина во текот на 2021 година.

Кинески истражувања

Кинеската вакцина за аденовирус CanSino се појави како водечки кандидат меѓу неколкуте потенцијални вакцини што се развиваат во Кина.

Но, поранешниот американски комесар во Управата за храна и лекови Скот Готлиб во минатата недела изјави дека вакцините што се развиваат во Соединетите држави се чини дека се повеќе ветувачки од оние што се развиваат во Кина.

Трамп: вакцина против коронавирусот до крајот на годинава

Готлиб изјави дека податоците за потенцијалните вакцини кои се во клинички развој во Кина „не изгледаат претерано силни“.

„Кинеските вакцини, доколку функционираат, веројатно ќе обезбедат пониско ниво на имунитет од платформите со кои работат САД и Европа“, рече Готлиб.

„Значи, мислам дека ќе имаме подобра вакцина и мислам дека веројатно ќе ја имаме порано, засновано врз тоа каде се наоѓаме во клиничкиот развој“.

Покрај истражувањата во Оксфорд-АстраЗенека и „Физер“, Готлиб рече дека американската фирма „Модерна“исто така работела на „ветувачки“ потенцијални вакцини против коронавирус.

Модерна

Модерна започна со човечки испитувања за ваквата вакцина на почетокот на мај, поттикнувајќи надежи кај нејзините директори дека може да има вакцина подготвена до крајот на годинава.

Модерна

Кон средината на мај, администрацијата на Трамп посочи дека раните податоци од клиничките испитувања на Модерна даваат надеж дека неколку стотици милиони дози вакцина може да бидат доставени до крајот на 2020 година.

Сепак, „Њујорк Тајмс“ наведува дека прегледот на податоците дадени од Модерна не ги поддржува оптимистичките јавни изјави на оваа компанија.

Во минатата недела, цената на акциите на Модерна драстично падна откако американските медиуми објавија несакани ефекти од волонтер кој учествувал во клиничкото испитување, вклучувајќи гадење, треска и болки во мускулите.