Сегашната опозиција ја оценува независноста на Црна Гора како нејзино најважно политичко наследство, додека водечката партија на владејачката коалиција инсистира на блиски врски со Србија, иако не ја доведува во прашање државната независност.
Меѓународната заедница, пред се Европската унија, но и НАТО, мора навремено да реагираат на растечките политички и национални тензии во Црна Гора, бидејќи на никој повеќе не му се потребни конфликти на Западен Балкан, од кои може да има корист само Русија, велат за Радио Слободна Европа Курт Басинер од Советот за демократизација и Џуди Демпси од Карнеги центарот.
„Тензиите во Црна Гора во последните месеци можат да бидат крајно опасни, а инцидентите, засновани врз политички и националистички мотиви, се длабоко вознемирувачки“, вели Басинер.
Видете и ова: Вархерји:ЕУ разгледува опции за кинеските долгови на Црна ГораДемпси пак, смета дека сегашните тензии и инциденти во Црна Гора можат да ја вратат земјата од патот кон Европската унија, „што Русија, преку владејачката структура во Црна Гора, ќе го искористи“.
Тензиите од пред и за време на парламентарните избори во август 2020 година, на кои владата во Црна Гора се смени по три децении, се интензивираат во последните месеци.
Владеењето на Демократската партија на социјалистите (ДПС), партија со про-црногорска ориентација, беше заменето со коалиција предводена од просрпскиот Демократски фронт (ДФ), демократите и граѓанското движење УРА.
Проблем има и во кохабитацијата помеѓу новото мнозинство кое ги контролира Владата и Парламентот и претседателот на државата Мило Ѓукановиќ, кој е лидер на опозициската ДПС.
Црногорскиот митрополит ја обвини СПЦ за манипулација со верниците
Србија и Српската православна црква отворено го поддржуваат ДФ. Дел од раководството на ДФ е близу до официјална Русија. Зголемените тензии меѓу приврзаниците на опозицијата и на владејачката партија повеќепати резултираа во протести, судири, напади врз верски места, закани кон малцинства, напади врз новинари и зголемен говор на омраза на социјалните мрежи.
Кои се очекувањата од меѓународната заедница?
Џуди Демпси вели дека меѓународната заедница, особено НАТО, треба да бидат поактивни, отворено укажувајќи на тоа колку е потребна стабилност во Црна Гора.
„Нема време за рамнодушност на НАТО или Европската унија. Она што се случува во Црна Гора може да се прелее и во остатокот од регионот, со тоа што Русија и Кина имаат корист, го капитализираат и го охрабруваат овој развој. И со оглед на историјата на руското мешање во регионот, една од нејзините цели е да создаде етнички и верски тензии. Штом ескалираат, тешко е да се ограничат. Тоа е голема опасност“, вели Демпси.
Поточно, како што додава, ова би значело не само отворено посочување на потенцијално опасна ситуација, туку конкретно НАТО и ЕУ треба да назначат специјални пратеници во Црна Гора да посредуваат, бидејќи „ефектот на конфликтот е таков што не може да се потцени“.
Видете и ова: Прва седница на црногорскиот парламент, Ѓукановиќ не присуствувашеВо јуни 2017 година, Црна Гора стана членка на НАТО за време на владеењето на Демократската партија на социјалистите на претседателот Мило Ѓукановиќ. Пред влезот, во октомври 2016 година, државните власти спречија наводен пуч во кој, според обвинението, учествуваа двајца руски разузнавачи, лидери на тогаш опозицискиот Демократски фронт и групи српски граѓани. Високиот суд во Подгорица ги осуди на неколку години затвор, но Апелациониот суд ја укина пресудата. Ново судење е закажано за 31 мај годинава.
Курт Басинер смета дека Европската унија, Соединетите држави и НАТО се одговорни да помогнат во решавањето на тензиите и инцидентите во Црна Гора, додавајќи дека на никој повеќе не му требаат конфликти на Западен Балкан. Демпси е на мислење дека ЕУ не е особено добра во управувањето со кризи.
„ЕУ, ако е сериозна во врска со интеграцијата на Црна Гора, мора да биде погласна и попрактична“. Таа, како што вели, мора да инвестира во инфраструктурата, во образованието, во медиумите. Пред сè, мора да се охрабри граѓанското општество на локално ниво.
Апелациониот суд ја укина пресудата за обидот за пуч во Црна Гора
„Русија ќе продолжи да ги користи сегашните политички структури за да ја пренасочи Црна Гора од патот кон ЕУ. Што се однесува до НАТО, тој мора да биде поактивен на теренот, преку вежби, комуникација и поблиско вклучување и соработка со институциите и граѓанското општество“, објаснува Демпси.
Црна Гора веќе девет години води пристапни преговори со ЕУ, од јуни 2012 година. Таа ги отвори сите 33 поглавја. Покрај тоа, Црна Гора има долг кон Кина, која гради дел од автопатот во Црна Гора, кој е финансиран со заем од кинеската банка „Ексим“ од речиси милијарда долари.
Која е причината за падот на ДПС?
Курт Басинер, аналитичар и експерт за Балканот, смета дека незадоволството на црногорските граѓани од чувството на социјална неправда и раширената корупција резултирало во изборен пораз на прозападната коалиција, предводена од Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ, на парламентарните избори во август 2020 година.
Црногорците и дадоа ретка шанса на опозицијата - дали ќе ја искористи?
Басинер вели дека црногорската влада, предводена од ДПС, со години стагнира политички.
„Незадоволните граѓани протестираа, привлекоа внимание на недостатоците на системот, кои од една страна доведоа до промена на владата. Од друга страна, мислам дека оние што сакаа промена на владата ја потценија потенцијалната негативна страна, односно колку брзо политичкиот фокус може да се префрли и работите да одат во неочекувана и непожелна насока“, вели Басинер.
Видете и ова: Протести во Подгорица: Не ја даваме Црна ГораСпоред него, иако се чинеше дека мнозинството граѓани во Црна Гора ги поддржуваат црногорската државност, идентитет и мултиетничност, тоа сепак не е толку силно вкоренето како што веруваа домашните и странските набљудувачи.
На референдумот за независност во 2006 година, повеќето Црногорци и малцинствата, предводени од Ѓукановиќ, освоија 55 проценти од гласовите, наспроти 45 проценти за просрпскиот блок, кој се залагаше за останување во државната унија со Србија.
„На сето ова може да се додаде регионалниот контекст - чувството како да не постојат правила, потоа геополитичкиот предизвик, неефикасноста и пасивноста на западните земји, повторното појавување на програмите од 90-тите и постојаното мешање на Србија. Актуелната состојба во Црна Гора се вклопува во оваа рамка“, вели Басинер.
Балканските лидери ја искористија попустливоста на Европа
Басинер, како што вели, не е изненаден што земјата која е во НАТО и е на патот кон ЕУ, се соочува со националистички тензии во општеството.
„Застојот на патот кон ЕУ не е преседан. Дел од проблемот беше што и ЕУ и НАТО им даваа приоритет на односите со претходните шефови на држави пред она што навистина требаше да се цени кога станува збор за напредок во интеграцијата. Лидерите на сите земји од Западен Балкан, се разбира вклучително и Црна Гора, ја искористија оваа благост. Настаните во Црна Гора покажуваат дека ништо не може да се случи автоматски кога станува збор за напредок“, додаде Басинер.
ЕУ министри бараат - вратете го Западен Балкан на дневен ред
Тој е на мислење дека малку внимание ѝ е посветено на демократската консолидација на Западен Балкан. Од друга страна, тој вели дека меѓународната заедница им дозволи на владите во регионот да водат политика како што сакаат, без да им нагласи дека спрема НАТО и ЕУ имаат законска, но и морална одговорност да обезбедат да нема насилни конфликти или аспирации за промена на границите.
Видете и ова: Значењето на Нон-пејперите
„Словенечкиот нон-пејпер, без оглед од каде доаѓа, покажува дека сè уште има прашања во врска со сегашните граници и државниот суверенитет. Истите тие програми беа таму пред 15 години. Тие се како инфекција на херпес - се појавуваат кога имунитетот е мал“, вели Басинер.
Нон-пејперот, кој наводно бил испратен до Брисел од премиерот на Словенија Јанез Јанша, ја разгледува опцијата за прекројување на границите на Балканот, присоединување на Република Српска кон Србија, припојување на делови од Црна Гора и Северна Македонија со албанското мнозинство кон Албанија и припојување на делови од БиХ, западна Херцеговина, кон Хрватска. Јанша негираше дека постои хартија.
Каква помош ѝ е потребна на Црна Гора?
На прашањето како конкретно меѓународната заедница може да помогне да се спречат конфликтите и да се смират тензиите, Басинер вели дека само со нагласување оти конфликтот, насилството или какви било напори за промена на границите нема да бидат дозволени.
„Кина и Русија немаат никаква врска со тековните настани (иако профитираат од тоа), но фактот дека ги оставивме овие прашања предолго отворени, повеќе од една деценија, покажува извесна несериозност“, посочува Басинер.
Според него, ЕУ, Соединетите држави, Британија и другите сојузници мораат да влезат во длабоко стратешко преиспитување на начинот на кој се приближуваат кон Западен Балкан, со оглед на тоа дека очигледно пропаднала политиката што ја водат.
„Иако сакам да ги видам сите земји од Западен Балкан во ЕУ, сакам пред се тие да функционираат како либерални демократии. Фактот дека Орбан навива за проширување - почнувајќи од Србија како „лидер“- е доволно јасен показател дека овој процес го изгубил својот пат“, заклучува Басинер.
Од прогласувањето на независност во 2006 година, Црна Гора се наоѓа на прозападен курс, политички и финансиски поддржан од Соединетите држави и Европската унија. Внатрешно, извештаите на Европската комисија укажаа на проблеми во областите на владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и слободата на медиумите.