Веќе неколку денови во Скопје тешко се дише. Не е полесно ниту во другите градови низ државата. Воздухот регистрира високи концентрации на отровните ПМ честички и во Битола, Тетово, Струмица, Прилеп...
Периодов е полно и во детските амбуланти и во болниците. Педијатрите велат дека има наплив на пациенти со респираторни инфекции, но и грипот, кој во последните две години не беше толку присутен поради пандемијата со ковид 19. Лекарите не се изненадени од зголемениот број респираторни инфекции, но велат дека она што е поразлично оваа сезона е што нивниот број е многу поголем од вообичаениот и што е зголемен бројот на потешки случаи кај децата на кои им треба хоспитализација.
Доктор Ангелчо Андоновски, педијатар во поликлиниката Букурешт вели дека неговите пациенти се со респираторни вирусни инфекции, но има и многу со бактериски инфекции. Иако бројот на заразени од корона е намален, сепак овој вирус е уште присутен, вели докторот.
„Ковидот е се уште присутен, тој си постои, но има една мала блага разлика во симптоматологијата со другите актуелни вируси. Иако симптомите се слични меѓу сите овие вируси коишто можат да го нападнат детскиот кревок организам, тука е присутен и ковидот кој за разлика од другите типови на ковид 19 се одликува со висока температура, сува кашлица итн. Она што е карактеристично за деца разболени од инфлуенца е што имаат константна кашлица за време на периодот во кој се заразени од вирусот,“ објаснува докторот Андоновски.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Иако поголемиот дел од болестите се последица на „подзаспаниот имунитет“ што во изминатите две години беше резултат на зголемената заштита од ковид 19, носење маски и избегнување долгорочен престој во затворени простории, сепак лекарите велат дека загадениот воздух влијае на имуниот систем кај децата и ширењето на респираторните вируси.
„Навистина и загадувањето сега овој период влијае како на имунолошкиот систем така и ПМ 10 честичките влијаат на горниот и долнореспираторниот тракт, ослабувајќи ја одбраната на тој тракт, правејќи одредена ерозија, а со тоа и помош за полесно да дојде до заразување со одредена вироза или бактерија. Затоа треба да се работи на имунолошкиот систем на децата, на негово зајакнување и тоа преку: консумирање здрава храна, имунодулаторна терапија и секако физичка активност и престој на места каде што има чист воздух кога и да имаме можност за тоа, вели доктор Андоновски.
Видете и ова: Не претерувајте со антибиотици, се повеќе бактерии се отпорниСпоред извештајот на Институтот за јавно здравје во сезоната 2022/2023 вкупниот број на случаи на грип/ заболувања слични на грип изнесува 295. Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирано е едно починато лице асоцирано со грип.
Од Центарот за климатски промени предупредуваат дека загадувањето на воздухот, дури и при ниски концентрации на загадувачките супстанции, е една од главните еколошки закани за здравјето на луѓето. Особено ги истакнуваат ПМ 2,5 честичките кои поради тоа што се многу мали, откако ќе се вдишат, можат да навлезат во белите дробови и во крвотокот и да предизвикаат здравствени проблеми и болести, како што се срцеви и белодробни заболувања, бронхитис, астма.
Согласно проценките на СЗО со исполнувањето на новите просечни гранични вредности од 5мг на метар кубен за суспендираните честички со големина од 2,5 mg/m3 на светско ниво би можеле да се избегнат приближно 80 проценти од смртните случаи кои се поврзани со овие честички.
„Согласно нашата законска регулатива за гранични и целни вредности е дефинирана за просечната годишна вредност која 25 мг/м3, додека среднодневната вредност не е дефинирана. Притоа мора да се напомена дека новата просечна вредност гранична вредност за ПМ 2,5 не e постигната од ниедна метропола во светот. Зајакнатите упатства за квалитетот на воздухот од СЗО кои не се правно обврзувачки, а имаат за цел да ги спречат смртните случаи предизвикани од загадувањето на воздухот. Притоа целта е да се изврши притисок кон политичарите да преземат чекори кон намалување на аерозагадувањето, бидејќи за решавањето на овој проблем е потребна интерсекторска соработка од повеќе сектори,“ вели Филип Стојановски од Центарот за климатски промени.
Видете и ова: Загадениот воздух ги напаѓа белите дробови, но и мозокот на децатаСудејќи според временската прогноза за следниот период, вирусите ќе продолжат да се шират, оти од УХМР најавуваат релативно топло време, со магла особено во скопскиот регион.
„Нема да има поголеми промени на температурата во следниве неколку дена. Извесна промена во смисла на врнежи и пониски температури, ќе следуваат на крајот на следната недела“, вели Костадинка Арсовска од УХМР.
Порадивисокото аерозагадување Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека стапуваат на сила препораките за ослободување од работа на критично загрозените популации граѓани, реорганизација на работното време на лицата кои работат на отворено, откажување на спортски и културни манифестации на отворено и зголемена активност на итната медицинска помош.
Министерот Насер Нуредини е категоричен дека не е Министерството за животна средина, туку општините се тие што се должни да имаат оперативни планови за заштита на воздухот и дека тие се надлежни да ги спроведат мерките што се пропишани во тие планови и за подобрување на квалитетот и за дејствување при епизоди со зголемено аерозагадување.
Со новиот закон за индустриски емисии, сите инсталации кои имаат А-интегрирана дозвола ќе бидат обврзани да имаат мерна станица што ќе го мери загадувањето 24 часа.